Бившата на Ејми Вајнхаус тајно продавала нејзини предмети – балетанки извалкани со крв, фустан од настапот во Белград
Татко ѝ на Ејми вели и дека не знае како жените допреле до овие предмети, односно дека сосема возможно е и да ги украле.
Двете жени, пак, тврдат дека биле особено блиски со Ејми и затоа им ги подарила сите работи.
Наводно, таа честопати им подарувала облека и шминки.
За јавноста, добропознат е токсичниот брак на Ејми со Блејк Фиелдер Сивил.
Но, за една од жените што продавала нејзини предмети се шпекулира дека ѝ била и девојка.
Ејми и Блејк се разведоа во 2009 година, а многумина го обвинуваат токму него за пропаста на пејачката.
Потоа Ејми имаше уште неколку кратки врски, а наводно имала врска и со другарка ѝ Катриона Гурлеј.
Впрочем, самата Катриона има изјавено дека нивната врска била „недефинирана“, како и дека Ејми била збунета во врска со нејзината сексуалност.
Во документарец на BBC, Катриона споделува интимни детали од нивниот однос:
„Додека да наполнам 20, зад себе веќе имав сериозна врска со жена, па знаев која сум. Додека спиев, Ејми ми оставаше пораки, како ’Ти си најубавата девојка што сум ја видела‘.
Нашата врска беше уникатна, недефинирана, многу се сакавме и од она што го сфатив јас, Ејми беше збунета“.
Катриона изјави и дека Ејми се шегувала дека не е лезбијка, сè додека не испие некоја чашка повеќе.
Ејми Вајнхаус почина во јули 2011 година, откако цела вечер ја поминала пиејќи алкохол.
Иако претходно Ејми имаше сериозни проблеми со зависност од дрога, на денот на смртта веќе беше чиста од порокот.
Ејми дури била и на добар пат целосно да закрепне, но нејзиното тело веќе претрпело огромна штета од дрогата и алкохолот.
Спирова С. | Црнобело