Поради сопругот губеше улоги, двајцата починаа во мистериозни околности: Чудни детали од животот на Британи Марфи
Поради сопругот изгубила многу улоги
Кога Британи работела на филм, Сајмон, кој беше режисер и продуцент, постојано бил покрај неа.
Но, неговото однесување било доста проблематично, па и контролирачко, што актерката изгубила неколку улоги поради него.
Таа дури била во план и за главната улога во Black Swan, но не ја добила поради сопругот.
Почина на само 32 години
Неколку недели пред ненадејната смрт, Британи имала симптоми на грип. На 20-ти декември 2009-та, била најдена без свест во нејзиниот дом.
Веднаш била пренесена во болница, но набрзо потоа ја прогласиле за мртва.
Наводно, болеста на Британи само прогресирала, па на крај актерката имала сериозна пневмонија. Ако отишла порано на лекар можеби и ќе преживеела.
Пневмонијата е наведена како причина за смрт на Британи, но истовремено таа имала и анемија, а имала испиено и разни лекови за настинка и грип.
Подоцна се дозна дека анемијата на Британи била толку сериозна, што било прашање на време кога ќе стане фатална, дури и да немала пневмонија.
Некои веруваат дека ја убил сопругот
Како што се прошири веста за смртта на Британи, јавноста почна да шпекулира дека виновникот е нејзиниот сопруг.
Кога се дозна дека тој одбил да се направи аутопсија, теоријата стана уште попопуларна.
Кратко по смртта на Британи, сопругот Сајмон лансира фондација во нејзино име. Секако, ова наиде на критики и многумина го гледаа како обид да профитира од нејзината смрт.
По некое време, Сајмон се откажа од фондацијата.
На крај на Британи сепак ѝ беше направена аутопсија која потврдила дека причина за смртта се пневмонија и анемија. Тогаш дури и надлежните споделија дека сопругот Сајмон никогаш не бил осомничен и дека нејзината смрт е несреќен случај.
Пет месеци подоцна почина и Сајмон
Ако смртта на Британи беше чудна, уште понеочекувано беше што почина и нејзиниот сопруг, само пет месеци подоцна.
Тој бил најден без свест во нивниот дом, а кога пристигнале болничарите, веднаш го прогласиле за мртов.
Исто како Британи, се претпоставувало дека и Сајмон починал од пневмонија и анемија, што дополнително ја искомплицира целата приказна.
Извесен период се зборуваше дека можеби во домот имале токсична мувла, па дека тоа било причина за речиси идентичната смрт на парот.
Сепак, истрагата не нашла докази што го потврдуваат ова.
Кога се истрошија можните причини за смртта на Британи и Сајмон, дел од јавноста почна да зборува дека нивниот дом бил опседнат.
Тие ја купиле куќата од Бритни Спирс, која наводно и самата имала „натприродно искуство“ додека живеела таму.
Пред смртта, и Сајмон имаше изјавено дека ја мрази куќата во којашто живеат со Британи и дека чувствувал дека му носи несреќа.
Спирова С. | Црнобело
