Ирина Шајк повторно му се врати на Том Брејди, бившиот на Жизел Бундшен: „Пробува да најде време за него“
- Детали
- четврток, 11 декември 2025
„Том и Ирина се на истата страница, главно бидејќи не сакаат уште сега да ја официјализираат врската. Наоѓаат време еден за друг кога можат“, вели извор за Том и Ирина кои првпат почнаа да се гледаат во 2023-та, а сега се обидувале да ѝ дадат уште една шанса на врската.

Пред повеќе од една година, Ирина Шајк и Том Брејди имаа кратка врска, а изгледа дека се обидуваат да ѝ дада втора шанса на нивната љубов.
Но, извори блиски до парот велат дека не сакаат да брзаат, па не планираат наскоро да ја официјализираат врската.
„Том и Ирина се на истата страница, главно бидејќи не сакаат нешто сериозно или уште сега да ја официјализираат врската.
Наоѓаат време еден за друг кога можат и засега тоа е тоа. Не се гледаат со други луѓе и ако ги прашате, официјално и двајцата се сингл“, вели извор близок до парот.
48-годишниот Том и 39-годишната Ирина се запознале во 2023-та, на свадба на заеднички пријател.
Оттогаш неколкупати беа фотографирани заедно во ресторани во Њујорк и Лос Анџелес, но и на заедничко патување во Лондон.
Но, додека Тoм Брејди беше зафатен со рагби сезоната, Ирина Шајк имаше ангажмани, а морала да посветува и многу време за ќерка ѝ. Па, само неколку месеци подоцна, решиле да се разделат.
„Нивните натрупани распореди се главната причина зошто не се во сериозна врска“, сподели тогаш извор до парот.
Но, изгледа дека не биле подготвени целосно да стават крај, па до крајот на 2023-та, повторно беа забележани заедно.
Поминувале повеќе време заедно на почетокот на 2024-та, за потоа повторно да се разделат.
Во февруари 2025-та, односно една година откако раскинаа, повторно почна да се шпекулира дека Том и Ирина се заедно. Но, ни овој пат немале доволно време еден за друг.
„Том е јавна личност и не може да крие многу работи, но врската со Ирина си ја чува само за себе. Убаво им е заедно.
И двајцата се многу зафатени, но пробуваат да најдат време за разговор и средба“.
Извесен период немаше никакви новости за нив, а сега извор близок до парот вели дека пробуваат да ја одржат врската на свој начин.
Тoм Брејди 13 години беше во брак со Жизел Бундшен. Се разведоа во 2022-ра, а оттогаш рагбистот беше поврзуван со низа славни жени, вклучувајќи ја и Ким Кардашијан.
Сепак, се чини дека само врската со Ирина го издржала тестот на времето.
Ирина Шајк, пак, околу четири години беше во врска со Бредли Купер, со кого доби и ќерка.
Зaсега Ирина и Том не зборуваат за нивната врска, а според изворите, веројатно уште долго нема да споделат ништо.
Спирова С. | Црнобело