Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постела, го искористи за пари“
Тогаш Ким сподели дека го сонувала татко им и во нејзиниот сон, тој живеел во Лос Анџелес со Елен.
Кога го спомна нејзиното име, Клои само направи израз како да ѝ се гади, што е знак дека до денес не се во добри односи со неа.
Како што спомнавме, Роберт Кардашијан и Крис Џенер беа во брак од 1978 до 1991 година и заедно ги добија Кортни, Ким, Клои и синот Роб.
По разводот, Роберт околу една година беше во брак со Џен Ешли, односно од 1998 до 1999 година.
Во 2003 година, тој се венча со Елен Пирсон, а дотогаш веќе беше дијагностициран со рак на хранопроводот.
Роберт почина само шест недели по венчавката, со што започна и конфликтот меѓу Елен и неговите ќерки.
Драмата ескалира со тужба – во 2013 година, Елен ги тужеше Кардашијанс за клевета.
Тврдеше дека тие ѝ ја уништиле репутацијата со тоа што ви нивното реално шоу ја претставувале како „спонзоруша“.
За Крис Џенер, пак, Елен изјавила дека е „манипулативна и злобна мајка и поранешна сопруга која ги искористува и експлоатира своите деца“.
Во меѓувреме, ќерките на Роберт тврдеа дека тој не бил во добра психичка состојба поради битката со ракот. Па, Елен го искористила ова за да го натера да се венчаат.
На крај, тужбата беше повлечена.
Што се однесува до животот на Елен денес, не се познати многу детали.
Пробува да се држи настрана од јавност, а се знае дека работела како агент за недвижности. Потоа почнала да работи во осигурителна компанија и веројатно уште е во истата индустрија.
Има ќерка и внуци, но веројатно не е во брак.
Спирова С. | Црнобело
