Имаше афера со женет маж, користи ретро телефон, не завршила средно: Каква е Ана Винтур во реалноста?
- Детали
- недела, 14 декември 2025
Ана Винтур самата има изјавено дека преферира ретро телефони со копчиња, наместо смартфони. Ја има истата фризура од 15-годишна возраст, а оние кои ја познаваат, велат дека е срамежлива и затоа делува ладнокрвно.

Иако Ана Винтур е едно од највлијателните имиња во модната индустрија, како личност, сепак претставува мистерија.
Долгогодишната главна уредничка на Vogue не го експонира својот приватен живот и пред светот ја покажува само својата професионална страна.
Па, што точно се случува во нејзиниот живот?
Срамежлива е
На прв поглед, Ана Винтур делува како ладнокрвна личност и веројатно не би ја опишале како срамежлива.
Но, луѓе кои ја познаваат велат дека нејзината ладнокрвност потекнува од фактот што е по малку срамежлива.
Според новинарка која била на интервју за работа кај Ана, вработени во Vogue ја предупредиле за ова кога аплицирала за позицијата.
„Ана делуваше срамежливо за време на интервјуто. Вработените ми рекоа да не се изненадам од нејзиното однесување и дека не зборувала многу, но не бидејќи е злобна личност или нешто слично.
Ана не пробува да глуми дека е фина, едноставно таква е“.
Пораснала опкружена со медиумски могули
Несомнено Ана навистина се потрудила за да го постигне успехот во којшто ужива. Но, не треба да се занемари и влијанието на нејзиното семејство.
Како што и самата има изјавено, не се случило преку ноќ да стане најдобриот главен уредник што го имал Vogue.
„Татко ми беше уредник на весник, мајка ми беше филмски критичар, а брат ми е политичкиот уредник на The Guardian“, има изјавено уредничката.
Таа вели дека татко ѝ имал најголемо влијание врз неа.
„Мислам дека тоа што тој беше толку познат ме натера да се заинтересирам за оваа професија“.
Нема завршено средно
Ана Винтур го прекинала формалното образование бидејќи почнала да работи во тинејџерските години.
И, има изјавено дека тоа што не завршила средно, ја натерало да работи уште понапорно, за да се докаже.
Има деца, но и внук
Иако ја гледаме само на модни ревии и настани, Ана Винтур е мајка, но и баба Таа има две деца – синот Чарлс и ќерката Би. Од синот има и едно внуче.
Уредничката ретко зборува за семејството, но ги има спомнато предизвиците со кои се соочувала.
„Секако, имало периоди кога требало да патувам и ми било тешко да ги оставам децата, особено кога беа мали.
Пробував да ги земам со мене секогаш кога можев, за да видат дел од мојот професионален свет“.