Имаше афера со женет маж, користи ретро телефон, не завршила средно: Каква е Ана Винтур во реалноста?

Имаше афера со женет маж

Ана Винтур беше во брак со психијатарот Дејвид Шафер, со кого ги доби и децата.

Но, го изневери со бизнисменот Шелби Брајан, кој тогаш исто така беше во брак.

imashe-afera-so-zhenet-mazh-koristi-retro-telefon-ne-zavrshila-sredno-kakva-e-ana-vintur-vo-realnosta-04.JPG

Наводно, Ана и Шелби се запознале во 1997-ма, а со аферата и двајцата си ги растуриле браковите.

Скандалот привлече многу внимание, но Ана умешно се дистанцираше од него, па денес не се ни спомнува.

За целата драма има изјавено:

„Семејството и пријателите имаат една перспектива, а надворешниот свет друга, на која јас не се фокусирам“.

imashe-afera-so-zhenet-mazh-koristi-retro-telefon-ne-zavrshila-sredno-kakva-e-ana-vintur-vo-realnosta-10_copy.JPG

Не користи социјални мрежи

Иако е највлијателна личност во модната индустрија, Ана Винтур одбива да користи социјални мрежи.

Таа дури не сакаше да се појавува на Инстаграм профилот на Vogue се до 2013 година.

Но, признава дека социјалните мрежи промениле многу работи и иако самата не ги користи, фасцинирана е од нивниот ефект.

А, уште поинтересно е што до неодамна, Ана користеше ретро телефон со копчиња. Некогаш е забележувана и со смартфон, но главно во рака држи ретро телефони.

Дури и самата има изјавено дека ги преферира старите телефони, како и дека никогаш немала направен селфи фотка.

imashe-afera-so-zhenet-mazh-koristi-retro-telefon-ne-zavrshila-sredno-kakva-e-ana-vintur-vo-realnosta-11.JPG

Не планира да ја менува препознатливата фризура

Рамната боб фризура со шишки и црните очила за сонце се најпрепознатливиот детаљ во изгледот на Ана. И, веројатно нема во блиска иднина да го промени ова.

Уредничката има изјавено дека ја носи истата фризура уште од 15-годишна возраст:

„Сигурна сум дека фризурата е здодевна и дека треба да ја сменам. Но, новите фризури што сум ги пробувала никогаш не ми се допаѓале.

Што се однесува до очилата, можам да бидам на ревија и ако ми е здодевно, никој нема да забележи. Ако ми е забавно, исто така никој нема да забележи. Па, мислам дека сега веќе ми се како штит“.

imashe-afera-so-zhenet-mazh-koristi-retro-telefon-ne-zavrshila-sredno-kakva-e-ana-vintur-vo-realnosta-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...

Најчитани неделава