Викторија Бекам ја објасни хит сцената со Rolls-Royce: „Татко ми прво нè возеше во комбе, навистина сме биле скромни“
- Детали
- четврток, 11 декември 2025
Викторија конечно имаше шанса да објасни што сакала да каже во документарецот, кога Дејвид ја тераше да признае дека не е од средна класа: „Татко ми немаше ништо, нè возеше во службено комбе во училиште, кога заработи повеќе, првото што си го купи беше Rolls-Royce, а ние не сакавме да се возиме во него“.

Викторија Бекам гостуваше во шоуто на Џими Фалон, каде зборуваше за животот, за работата како моден дизајнер, но и за нејзиниот документарен филм.
„На почетокот реков не за идејата, па мојот тим и мојот сопруг ме натераа да го направам тоа.
Бев Спајс девојка 4 години и тоа е време на кое сум многу горда, но премногу ме дефинираа само тие 4 години.
Јас сум во модната индустрија 20 години и време беше да да ја покажам транзицијата.
Тоа е многу тешка индустрија, многупати ми било кажано НЕ, и сум работела многу многу напорно“.
Но, освен за нејзиниот документарец, зборуваше и за документарниот филм на Дејвид, а Џими ѝ рече дека омилена сцена му е онаа која стана вирален хит.

Станува збор за сцената кога таа кажува дека доаѓа од семејство кое било работничка класа, а Дејвид се прикрадува и ја тера да признае со каков автомобил ја носеле во училиште, на што таа вели „Во 80-тите, татко ми возеше Rolls-Royce“.

Сцената стана вирална и ден-денес уште се споделува како најсмешен момент, но водителот ѝ даде шанса на Викторија да објасни што сакала да каже, бидејќи како што вели, чувствува како да била прекината во тој момент и никогаш не се докажала.
„Татко ми немаше ништо, немаше никаква финансиска позадина. Тој ми е вистинска инспирација.
Беше претприемач и возеше комбе, бидејќи имаше бизнис за електрика, па во училиште нè носеше со комбето, а ние бевме многу среќни.

Но, кога му тргна добро, прво нешто што направи – си купи Rolls-Royce. Ние бевме разочарани. Децата сакаат да се вклопат.
Го молевме да нè носи со комбето, не сакавме да одиме со Rolls-Royce-от. Па Џими, ние навистина се обидувавме да останеме приземни и скромни“.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело