Чак Норис (85) покажа дека е во топ форма со фотка од теретана – фановите му одговорија со омилените „факти“ за него

„Сите деца имаат пижами со Супермен, но Супермен има пижами со Чак Норис“, гласи еден од многуте коментари на фотката од теретана на познатиот актер.

chak-noris-85-pokazha-deka-e-vo-top-forma-so-fotka-od-teretana-fanovite-mu-odgovorija-so-omilenite-fakti-za-nego-01.jpg

Благодарение на улогите каде што претепува негативци, во минатото многу популарни беа „фактите“ за Чак Норис и неговата натчовечка сила.

Денес актерот можеби не е активен во филмската индустрија како порано, но на свои 85 години, навистина е во завидна форма.

Боречките вештини и вежбањето до денес му се рутина и на Инстаграм редовно споделува видеа и фотки од неговите тренинзи.

Негова неодамнешна објава ги мотивира фановите да ги споделат омилените „факти“ за него.

Актерот сподели фотка од теретана со опис:

„Ова е фотографија што ја направив пред неколку месеци. Прогресот не се мери со совршенство, туку со храброста да продолжите да се движите.

Уште си поставувам цели, се движам напред и избирам дисциплина наместо удобност. Без разлика на вашата возраст, продолжете да се борите за најдобрата верзија од себе“.

Голем дел од фановите имаат само пофалби за посветеноста на актерот, но дефинитивно доминираат вицовите, од кои дел сигурно ви се познати.

Уште позабавно е што не се сите вицови на англиски, што значи „фактите“ за него биле хит ширум целиот свет, и тоа пред ерата на интернетот.

Дел од најзабавните коментари на објавата на Чак:

„Ја направил фотката со фиксен телефон“.

„Трамп побара дозвола од Чак Норис за да се кандидира за претседател“.

„Чак Норис има изброено до бесконечност. Двапати“.

„Според легендата, Чак Норис ја изградил болницата во којашто е роден“.

„Ова е ретка фотографија од Чак Норис во тинејџерските години“.

„Смртта го погледнала Чак Норис во очи – и умрела“.

„Чак Норис не купува блузи без ракави. Ракавите сами паѓаат кога ќе го видат“.

„Отровна змија го каснала Чак Норис и умрела“.

„Чак Норис игра фудбал со топка за куглање“.

„Кога Чак Норис прави склекови, не се крева, туку ја турка Земјата надолу“.

„Чак Норис никогаш не ѕвони на погрешен број – другите одговараат на погрешен телефон“.

„Сите деца имаат пижами со Супермен, но Супермен има пижами со Чак Норис“.

„Кога чудовиштата си легнуваат, проверуваат дал Чак Норис се крие под нивниот кревет“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...

Најчитани неделава