Познати личности кои станаа зависници од дрога уште во детството
- Детали
- недела, 21 декември 2025
Дру Баримор завршила на рехабилитација на 13-годишна возраст, додека Аманда Бајнс си ја уништи кариерата поради зависноста.

Стекнувањето слава на рана возраст е меч со две сечила.
Од една страна, децата актери почнуваат да заработуваат уште од многу рана возраст и ако имаат добар менаџерски тим, тогаш ќе бидат обезбедени за целиот живот.
Но, од друга, некогаш се експлоатирани од возрасните околу нив, а и уште во детството имаат пристап до алкохол и дрога.
Пет славни личности кои станаа зависници уште во детството:
Дру Баримор
Дру Баримор ја почна актерската кариера уште во детството и иако ова ја направи ѕвезда, сигурно има удел и во нејзината зависност од дрога.
Актерката почнала да пие алкохол на 9-годишна возраст, а до 12-тиот роденден веќе користела и кокаин.
На 13-годишна возраст, Дру заврши и на рехабилитација.
Веќе следната година Дру се еманципира од родителите, но и уште еднаш отиде на рехабилитација.
Овде го запознала музичарот Дејвид Кросби и неговата сопруга Џен, кои биле поранешни зависници.
Кога Дејвид открил дека Дру наскоро ќе нема пари и ќе треба да се врати кај родителите кои биле зависници, решил да почне да се грижи за неа.
Тој и сопругата ѝ помогнале да се откаже од дрога, а по некое време и од алкохол.
Кори Фелдман
Кори Фелдман имал само три години кога првпат снимил реклама, а во 1980-тите се појави во неколку култни филмови како Gremlins и The Goonies.
Зборувајќи за своето минато, Кори има изјавено дека се чувствувал како роб бидејќи постојано работел.
Во тинејџерските години, татко му најмил асистент кој не само што му давал дрога на Кори, туку и го малтретирал.
Слично како Дру Баримор, на 15-годишна возраст Кори се еманципира, но проблемите со дрога само му се влошиле и почнал да користи и хероин.
Неколкупати бил апсен за прекршоци поврзани со дрога, за на 19-годишна возраст да отиде на рехабилитација.
Поради зависноста, не го повтори успехот од детството, но со текот на времето барем успеа да се ослободи од пороците.