Познати личности кои станаа зависници од дрога уште во детството

Едвард Фурлонг

Едвард Фурлонг се прослави преку ноќ кога на 13-годишна возраст доби значајна улога во Terminator 2.

Како што вели самиот, популарноста била нешто неочекувано и нешто со коешто тешко се справувал.

Бидејќи бил оставен сам на себе, почнал да пие алкохол, па да користи дрога, вклучувајќи и хероин, уште пред да наполни 18.

poznati-lichnosti-koi-stanaa-zavisnici-od-droga-ushte-vo-detstvoto-06.JPG

Поради зависноста добиваше сè помалку улоги, за во 2012 година да добие забрана да останува насамо со неговиот син.

Имено, син му, кој имал шест години, добил позитивен тест за кокаин.

Едвард многупати бил апсен за дрога, а дури во 2022-ра откри дека успеа да се ослободи од порокот.

Но, тогаш сподели дека поради користењето дога, изгубил голем дел од неговите заби.

poznati-lichnosti-koi-stanaa-zavisnici-od-droga-ushte-vo-detstvoto-07.JPG

Аманда Бајнс

Аманда Бајнс се појави во некои од најпопуларните тинејџерски филмови од раните 2000-ти и беше голема ѕвезда.

Иако никогаш не пиела алкохол, има откриено дека почнала да користи марихуана на 16-годишна возраст, а набрзо потоа почнала да експериментира и со други видови дрога.

poznati-lichnosti-koi-stanaa-zavisnici-od-droga-ushte-vo-detstvoto-08.JPG

Кога сакала да ослаби, успеала да го измами нејзиниот психијатар да ѝ препише Adderall – лек кој содржи амфетамин.

И, станала зависна од него.

Неколкупати одеше на рехабилитација и наводно од 2019 година е чиста. Сепак, во меѓувреме си ја уништи актерската кариера, а во последно време загрижува со изгледот и однесувањето.

poznati-lichnosti-koi-stanaa-zavisnici-od-droga-ushte-vo-detstvoto-09.JPG

Наташа Лион

Денес Наташа Лион е позната по улогите во сериите Orange is the New Black, како и Russian Doll.

Но, актерката е активна од шестгодишна возраст и во детството важеше за една од најбараните холивудски актерки.

Сепак, како и многу деца актери, на рана возраст почнала да пие алкохол, но и да користи дрога, на крај и хероин.

poznati-lichnosti-koi-stanaa-zavisnici-od-droga-ushte-vo-detstvoto-10.JPG

Нејзината зависност почна да привлекува повеќе внимание од улогите што ги добиваше, а на крај заврши и во болница со хепатит и проблеми со белите дробови.

Но, ова ја натерало да почне да работи на себе, да се ослободи од порокот и повторно да се активира во индустријата.

poznati-lichnosti-koi-stanaa-zavisnici-od-droga-ushte-vo-detstvoto-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...

Најчитани неделава