Непријатна средба на Бен Афлек и Џеј Ло – актерот во друштво на Џенифер Гарнер, ја игнорира бившата
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
Џеј Ло и Бен Афлек присуствуваа на училишна претстава на нивните деца. Но, без разлика што во училиштето беа на само неколку метри еден од друг, Бен потполно ја игнорираше и на крај си замина со другата бивша – Џенифер Гарнер.

Пред два месеца, Бен Афлек и Џеј Ло изгледаа како вљубен пар на премиерата на нивниот последен заеднички филм.
Но, сега изгледа како актерот да поробува да ја игнорира поранешната сопруга.
Викендов, тие присуствуваа на училишна претстава на која учествуваа Фин (ќерката на Бен и Џенифер Гарнер) и Еме (ќерката на Џеј Ло).
Џеј Ло пристигна во училиштето со нејзиниот менаџер и нејзината мајка, додека Бен беше во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер и нивниот помал син Семјуел.
Иако беа во непосредна близина, според очевидците, делувало како Бен потполно да ја игнорира Џеј Ло.
„Бен зборуваше со другите во училиштето, но се однесуваше како Џеј Ло воопшто да не е таму“, вели извор за Daily Mail.
Но, Џеј Ло сепак поразговарала со Семјуел, синот на Бен и Џенифер Гарнер.
По завршувањето на претставата, Бен и Џенифер Гарнер го напуштиле училиштето со истиот автомобил, додека Џеј Ло излегла малку подоцна.
Откако се разведоа, Бен и Џеј Ло се избегнуваат максимално, но фотките на премиерата од пред два месеца разгореа гласини дека можеби меѓу нив повторно има нешто.
Сепак, извор близок до парот го негираше ова.
„Нема ништо романтично со Бен. Сега и двајцата се на многу добро место.
Продолжуваат да се поддржуваат и горди се на она што го постигнаа заедно. Џеј Ло отсекогаш сакала да соработува со Бен и ова се нема променето“.
На почетокот до декември, пак, фановите на Џеј Ло забележаа дека пејачката веројатно ја покрила тетоважата што му ја посвети на Бен.
Во 2023-та, додека уште беа заедно, Џеј Ло си го истетовира знакот за бесконечност заедно со неговото име.
Но, на фотки од неодамнешен концерт, тетоважата веќе не се гледа.
Сепак, пејачката нема дадено изјава во врска со ова.
Спирова С. | Црнобело