Ѝ раскинал преку брза пошта, сакаа да се разведуваат, но се премислија: Чудниот брак на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин
- Детали
- недела, 26 октомври 2025
Пет години откако ја почнале врската, Силвестер Сталоне ѝ раскинал на Џенифер со писмо што го пратил преку брза пошта. Додека беа разделени, тој и се сврши со друга жена. Пред неколку години, пак, актерот и сопругата сакаа да се разведуваат, но на крај се премислија.

Силвестер Сталоне и сопругата Џенифер Флавин се во брак од 1997 година.
Долгите бракови се реткост во Холивуд, па Силвестер и Џенифер може да делуваат како среќен пар со стабилна врска.
Но, во 28-те години што се заедно, се соочиле со безброј љубовни драми. Пред неколку години дури најавија и дека ќе се разведуваат, за на крај да се премислат.
Детали за бракот на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин:
Актерот се разведе двапати пред да ја сретне Џенифер
Во 1974-та, на 28-годишна возраст, Силвестер Сталоне се венча со фотографката Саша Чак, со која доби два сина.
Нивниот брак траеше десет години и во 1985-та одлучија да се разделат.
Околу една година подоцна, Силвестер се венча со втората сопруга – актерката и модел Брижит Нилсен.
Биле во врска само неколку месеци пред актерот да ја побара за жена. Брижит има изјавено дека се двоумела и сметала дека брзаат, но актерот инсистирал, па прифатила.
Нивниот брак траеше околу две години.
Џенифер имала 19 години кога го запознала актерот
Во 1988 година, со два развода зад себе, Силвестер веќе почнал да губи надеж дека ќе најде љубов.
Но, тој период ја запознал тогаш 19-годишната Џенифер.
Се сретнале во ресторан и набрзо потоа почнаа врска, без разлика што актерот имаше 42 години.
„Одев кај него на гости. Гледавме филм правевме вечера, си игравме со кучето, се шетавме по плажата“, ги опишува Џенифер почетоците на нивната врска.
Таа веднаш го запознала и со нејзиното семејство, па честопати оделе на гости кај нејзините родители.
Актерот, пак, има изјавено дека Џенифер како да го спасила.
„Повторно го засакав животот. Џенифер направи огромна разлика“.
Актерот сепак не бил сигурен дека сака сериозна врска
Иако велеше дека го прави среќен, Силвестер наводно не бил подготвен за сериозна врска со Џенифер. Суптилно спомна и дека бил неверен.
„Кога сме заедно, и на двајцата ни е прекрасно. Но, кога сме одделени, немаме обврска еден кон друг. Таква ни е врската – без обврски“, сподели актерот во 1991-ва.
Џенифер одговори на оваа изјава, тврдејќи дека не ни очекува нешто повеќе од него.
„Не сум наивна за она што се случува кога не сме заедно. Тој е 45-годишен маж и не можам да го променам. Но, не е неверен секој ден. Заедно сме пет дена неделно, па не знам каде би нашол време (за афери)“.
Гласините дека Силвестер ја изневерува беа доста чести, но Џенифер тврдеше дека не ѝ пречат, како и дека му верува.
„Знам дека ме сака. Па, озборувањата никогаш не ми претставувале проблем“.
Актерот ѝ раскина преку брза пошта
Во 1994 година, Силвестер решил да стави крај на врската со Џенифер. Но, по пет години заедно, наместо да разговара со неа во живо, ѝ пратил огромно писмо преку брза пошта.
Нормално, Џенифер била разочарана.
„Многу плачев. Им се јавував на сите пријатели. И, го чистев станот петпати – имав многу заеднички фотографии што сакав да ги фрлам…
Не можете да му раскинете на партнерот со писмо по скоро шест години заедно. Не планирав да го молам да ми се врати, но сакав да разговараме за раскинувањето“.