Ѝ раскинал преку брза пошта, сакаа да се разведуваат, но се премислија: Чудниот брак на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин
Силвестер имаше афера
Шпекулациите за неверствата на Силвестер сепак се покажаа како точни.
Па, во периодот кога беа разделени, Џенифер (и јавноста) дозна дека актерот имал афера со моделот Џенис Дикинсон.
Во 1994-та, таа родила и дете за кое актерот мислел дека е негово.
Кога се дозна за аферата, Џенифер изјави дека веќе се помирила.
„Сите мислат дека треба да бидам тажна. Но, откако дознав, си продолжив со животот. Сепак, раскинавме. Беше болно, но сите учиме од грешките“.
Во меѓувреме, Силвестер ја продолжи врската со моделот, но откако со ДНК тест беше потврдено дека детето не е негово, тие раскинаа.
Актерот се сврши со друга жена
Во периодот додека беа разделени со Џенифер, Силвестер имаше врски со неколку модели.
Во 1995-та, се гледаше со моделот Енџи Еверхарт, а дури и се свршија.
Сепак, набрзо потоа ја раскинаа свршувачката.
Истата година ѝ се врати на Џенифер
Кратко откако ја раскина свршувачката, Силвестер повторно почна врска со Џенифер.
Во 1996-та добија ќерка, а следната година стапија и во брак.
„Изминатава година ми се случија две убави работи – раѓањето на нашата убава ќерка, и мојот брак со Џенифер која е прекрасна мајка и знам дека ќе биде прекрасна сопруга“, сподели актерот.
Потоа Џенифер и Силвестер добија уште две ќерки, а низ годините, Силвестер честопати кажуваше убави работи за неа.
„Никогаш не ми било позабавно. Тоа го научив од мојата сопруга. Ми требаа 19 години за да сфатам дека таа секогаш е во право. Сфатив дека жените, барем Џенифер, имаат талент за носење паметни, мудри одлуки.
Јас секогаш брзам, не размислувам. Џенифер никогаш не го прави тоа. Па, сега ѝ велам: ’Мила, ти одлучувај. Ти верувам‘. Никогаш претходно не сум го правел тоа“.
Планираа да се разведат
Во 2022 година, Џенифер поднесе барање за развод.
Таа го обвини сопругот дека скришно трошел од нивните заеднички пари и бидејќи станувало збор за голема сума, ја разнишал финансиската стабилност на семејството и на Џенифер.
Во барањето, Џенифер навела и дека сака да си го врати моминското презиме.
Во меѓувреме, Силвестер ја покри тетоважата од сопругата.
Сепак, само месец подоцна, ја запреа постапката бидејќи се премислија за разводот.
Во интервју Силвестер зборуваше за овој период.
„Имаше еден вид будење, кога сфатив што е најважно од сè, а тоа е љубовта за моето семејство. Тоа е поважно и од мојата работа, а ова беше тешка лекција што морав да ја научам“.
Оттогаш, се чини Силвестер и Џенифер се во добри односи и сепак успеале да го спасат бракот.
Спирова С. | Црнобело