Зошто романтичарот Џорџ Клуни нема повеќе да бакнува други жени во филмски сцени?
- Детали
- среда, 24 декември 2025
Најголемиот романтичар и заводник, Џорџ Клуни, неодамна изјави дека по разговор со сопругата одлучил веќе да не бакнува други жени на филмското платно, а се потсети на 79-те неуспешни обиди да ја бакне Џулија Робертс, но и кога во младоста режисер му го критикувал бакнувањето.

Еден од најголемите романтичари и заводници на филмското платно е токму Џорџ Клуни (64), а негова последна таква улога беше во филмот „Ticket to Paradise“ со Џулија Робертс.

Но, сега тој одлучил дека веќе е време неговата кариера да оди во друга насока и да се збогува од ликот на романтичар, така што ќе престане да снима сцени во кои се бакнува со други жени.

Во неодамнешно интервју за DailyMail актерот рекол дека одлуката ја донел во разговор со сопругата Амал Клуни (47), а дошол до идејата кога наполнил 60 години.
„Се обидувам да одам по патот на Пол Њуман – Океј, нема повеќе да бакнувам жена повеќе. Кога наполнив 60 години, имав разговор со мојата сопруга.

Ѝ реков: Види, уште можам да играм кошарка со момците. Играм со 25-годишни дечки. Можам уште да се држам, во форма сум.
Но за 25 години, ќе имам 85. Независно колку гранола плочки ќе изедеш, тоа е реалната бројка“.

Клуни пред неколку години откри дека токму за да ја снимат бакнувачката сцена во последниот филм со Џулија Робертс, која му е пријателка, имале 80 обиди.
„Да... Ѝ кажав на мојата сопруга дека ни требаа 80 обиди, а таа искоментира Што по ѓаволите?
79 неуспешни обиди во кои јас и Џулија се смеевме, а последниот обид се бакнавме“.

Тој во претходно интервју се потсети и на момент од почетоците на кариерата, кога снимал интимна сцена, а режисерот не му ги одобрил движењата.
„Се сеќавам, на почетокот на кариерата, имав сцена во која се бакнував со девојка и режисерот рече – Не, не така.
А јас му реков – Тоа е мое движење. Така го правам ова во вистинскиот живот“.

Џорџ и Амал се во брак од 2014-та и ги имаат 8-годишните близнаци Ела и Александар, а тој отворено зборува за нивниот однос, но и за родителството.
Ликот на децата го кријат од очите на јавноста, но како пар тие се често забележувани додека одат на романтични состаноци, или на патувања и настани, држејќи се за рака.
За децата кои ги доби на постари години пак, во една прилика изјави:
„Видете, мене ми е полесно. Добив деца многу доцна за да можам да поминувам повеќе време со нив.
Но кога си млад? Тоа е тешко...“ – рекол тој, додавајќи дека кога е постар е поискусен и финансиски постабилен за да може да одбие проекти.

М. М. | Црнобело