Проклетството на актерите од How the Grinch Stole Christmas: „Малиот Гринч“ почина на 20 години
- Детали
- четврток, 25 декември 2025
Девојката на Џим Кери изврши самоубиство, додека актерот што ја глуми осумгодишната верзија на Гринч почина на само 20 години. Авторот , пак, ја напишал приказната откако неговата сакана сопруга доживеала мозочен удар.

Еден од омилените празнични филмови е How the Grinch Stole Christmas со Џим Кери во главната улога.
Снимен според истоимената детска книга на Доктор Сус, дејството се фокусира на злобниот Гринч кој го мрази Божиќ.
Гратчето Хувил што изгледа волшебно, заедно со уникатните ликови и забавната приказна, брзо го направија филмот фаворит.
Но, дел од актерите кои се појавуваат во филмот како да ги следела несреќа.
Впрочем, и самата инспирација за приказната е по малку тажна.
Авторот Доктор Сус има откриено дека ја напишал откако неговата сакана сопруга доживеала мозочен удар.
Вели дека приказната е заснована на голготата што ја преминала таа, во комбинација со неговиот презир кон комерцијализацијата на празникот.
Што се случи со актерите по премиерата на филмот?
Џим Кери
Иако приказната има многу адаптации, само Џим Кери имал можност да го оживее ликот на Гринч во игран филм.
Актерот одлично ја одигра улогата, а дури и сопругата на Доктор Сус инсистирала тој да го глуми ликот.
Но, додека Гринч има среќен крај, истото не може да се каже за Џим Кери.
Во 2015 година, неговата девојка изврши самоубиство, а зад себе оставила неколку пораки во кои го обвинува актерот за своите проблеми.
Вели дека тој ја научил да користи дрога и ѝ го уништил животот.
Дури и семејството на девојката го презираше актерот, а нејзините родители поднесоа тужба против него.
Тужбата беше отфрлена, но трагедијата остави дамка во животот на Џим Кери, па оттогаш тој се повлече од јавноста.
Единствено се појави во филмскиот серијал Sonic the Hedgehog, со изговор дека му требале пари.
Тејлор Момсен
Тејлор Момсен го глуми слаткото девојче во филмот кое се спријателува со Гринч.
По филмот, таа имаше доста успешна актерска кариера и најмногу се истакнува нејзината улога во Gossip Girl.
Потоа ја промени кариерата и формира свој бенд – The Pretty Reckles – а почна и отворено да зборува за проблемите со менталното здравје.
Двајцата многу блиски пријатели на Тејлор починаа – едниот изврши самоубиство во 2017-та, а следната година другиот загина во сообраќајка.
„Првата загуба ме скрши и не бев подготвена за тоа. Не можев да бидам во јавност, ги откажав сите турнеи и си заминав дома.
Втората трагедија беше како шајка во мојот ковчег“, сподели актерката.
Тејлор вели дека се чувствувала како да е во дупка, а депресијата ја натерала да почне да користи и дрога.
Сепак, денес вели дека е во многу подобра состојба.