Проклетството на актерите од How the Grinch Stole Christmas: „Малиот Гринч“ почина на 20 години
Џошуа Рајан Еванс
Џошуа ја глуми осумгодишната верзија на Гринч.
Тој беше личност со џуџест раст, па додека го снимаше филмот имаше 17 години.
Актерот самиот велеше дека има исполнет живот и дека е среќен, но приватно се бореше со низа здравствени проблеми.
За жал, почина во 2002-ра, на само 20-годишна возраст, за време на операција на срцето.
Прочитајте повеќе: Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch Stole Christmas“
Џефри Тамбор
Џефри Тамбор го глуми лидерот на Хувил, а веќе имаше изградено завидна кариера и пред How the Grinch Stole Christmas.
Продолжи да нижи успеси и по филмот, сè до 2018 година, кога беше обвинет за сексуално вознемирување.
Тогаш актерот ја изгуби и улогата во серијата Transparent.
Тој, пак, ги негираше обвинувањата и тврдеше дека се заговор против него бидејќи продукциската куќа одамна сакала да го избрка од серијата.
Случајот не заврши на суд и не е познато што точно се случило.
Кристин Барански
Покрај популарниот празничен филм, Кристин е препознатлива и по улогите во филмот Mamma Mia! и серијата The Big Bang Theory.
Иако на професионално пол не соочила со посериозни проблеми, пред 10 години, актерката го загуби сопругот кој почина од проблеми со срцето.
Тие беа во брак повеќе од 30 години, а актерката тешко се справи со загубата.
„Нема кратенка кога е во прашање тагувањето. Неколку месеци откако почина мојот сопруг, јас морав да се појавам пред камера.
Но, ми помогна што бев со мојата заедница луѓе. Сите ме знаат и сакаат, па беше убаво што се вратив на работа…
Смртта на сакана личност не е само тажна, туку и ве дезориентира. Кога сте биле 30 години во брак и секое утро сте пиеле кафе со оваа личност, многу е чудно“, сподели актерката.
Спирова С. | Црнобело