Џастин Бибер со минијатурна елка, Никол Кидман со ќерките по разводот: Славните го прославија католичкиот Божиќ (фото)
- Детали
- петок, 26 декември 2025
Џастин ја покажа минијатурната елка, а прослави со сопругата Хејли и синчето Џек. Џеј Ло, пак, сподели ретка фотка со сестра ѝ.

Вчера (25.12) католиците го прославуваа Божиќ, а овде спаѓаат голем дел од светски познатите личности.
Повеќето го поминаа празникот со најблиските, но за некои ова беше и прв Божиќ по развод или трагедија во семејството.
Џеј Ло го помина Божиќ со семејството, а со фотка на Инстаграм покажа дека сите носеле исти пижами.
Пејачката сподели неколку Инстаграм објави, додека на групната фотографија се гледа и нејзината сестра Линда – нешто што е вистинска реткост.
Џастин и Хејли Бибер прославија со нивното синче Џек, а пејачот сподели неколку фотки од домашната атмосфера.
Ја покажа минијатурната елка во дневната соба, а на неколку фотки се гледа и синчето во приватен авион.
Пејачот сподели и слатко селфи со Хејли со кое им го честита Божиќ на фановите.