Џастин Бибер со минијатурна елка, Никол Кидман со ќерките по разводот: Славните го прославија католичкиот Божиќ (фото)
Шерон Озборн го прослави првиот Божиќ без сопругот Ози.
Со децата, но и најблиските членови на семејството, Шерон го дочека празникот во домот што го делеше со Ози.
Алек Болдвин и сопругата Хиларија, заедно со нивните седум деца, го прославија Божиќ со нов миленик – мало куче.
Никол Кидман одлучи да го прослави Божиќ во родната Австралија, заедно со нејзините ќерки.
Ова е првиот Божиќ за актерката по разводот од Кит Урбан, а нејзините блиски велат дека била пресреќна за време на празничната сезона.
Џенифер Анистон, пак, првпат прослави Божиќ со нејзиниот нов партнер, Џим Куртис.
Актерката сподели неколку фотки од празничната атмосфера, вклучувајќи и една од Куртис.