Има 3 деца, избегнува да зборува за Хит Леџер: Каде исчезна некогашната тинејџерска ѕвезда Џулија Стајлс?

До денес е благодарна за улогата во 10 Things I Hate Аbout You

Романтичната комедија со Хит Леџер направи пресврт во кариерата на Џулија.

Во 2024-та, се славеше 25-тата годишнина од премиерата на филмот и тогаш Џулија се присети на периодот кога ја добила улогата.

„Бев 17-годишна девојка која оди на аудиции за романтични комедии, реклами и ТВ серии. И, секогаш ми велеа дека сум била многу сериозна, дека требало да се смеам повеќе.

Па, во овој филм првпат имав улога која вистински ја разбирав“.

ima-3-deca-izbegnuva-da-zboruva-za-hit-ledzher-kade-ischezna-nekogashnata-tinejdzherska-dzvezda-dzhulija-stajls-02.JPG

Таа се присети и на покојниот Хит Леџер:

„Имаше некаква привлечност, некоја сила. Го сакаше животот. Беше многу фин и учтив со сите. Навистина прекрасна личност и уште подобар актер“.

Сепак, актерката главно избегнува да зборува за починатиот колега.

ima-3-deca-izbegnuva-da-zboruva-za-hit-ledzher-kade-ischezna-nekogashnata-tinejdzherska-dzvezda-dzhulija-stajls-09.JPG

И самата имала непријатно искуство со Харви Вајнштајн

Пред да заврши во затвор, Харви Вајнштајн беше најмоќниот човек во Холивуд. И, токму оваа моќ му давала можност да малтретира бројни актери и актерки.

Пред неколку месеци, Џулија Стајлс откри дека и таа имала непријатно искуство со продуцентот.

Во 2000 година, Џулија работела на филмот Down to You. Еден ден, Вајнштајн се појавил на сетот и инсистирал да се вметне непотребна сцена во филмот во која Џулија танцува, а врз неа истураат пари.

ima-3-deca-izbegnuva-da-zboruva-za-hit-ledzher-kade-ischezna-nekogashnata-tinejdzherska-dzvezda-dzhulija-stajls-03.JPG

Актерката се чувствувала непријатно и сметала дека со оваа сцена биле преминати сите граници.

„Не беше ни нешто невидено. Се чувствував ужасно додека ја снимав“, сподели актерката.

На крај, филмот го заборавија речиси сите и е еден од најлошите во кариерата на Џулија.

ima-3-deca-izbegnuva-da-zboruva-za-hit-ledzher-kade-ischezna-nekogashnata-tinejdzherska-dzvezda-dzhulija-stajls-6.JPG

Повторно ѝ се враќа на глумата

Џулија отсекогаш сакала да стане и режисерка, па во 2025-та, го режираше филмот Wish You Were Here.

Изминативе неколку години, пак, се појави и во неколку филмови и серии.

Иако вели дека поради мајчинството нема многу време да се посвети на кариерата, сепак не планира да запре.

ima-3-deca-izbegnuva-da-zboruva-za-hit-ledzher-kade-ischezna-nekogashnata-tinejdzherska-dzvezda-dzhulija-stajls-7.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Сопругот ја затекна во кревет со неговиот малолетен син, со него подоцна доби дете - Бурниот живот н... Еден од најголемите скандали во Холивуд е оној на режисерот Николас Реј кој наво...
Носталгија по времињата кога децата беа деца: Познатите во минатото vs. денешните 12-годишни ѕвезди Ќерката на Канје и Ким на 12 години ја нарекуваат дека е како тетка, а Дизни ѕве...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...

Најчитани неделава