Има 3 деца, избегнува да зборува за Хит Леџер: Каде исчезна некогашната тинејџерска ѕвезда Џулија Стајлс?
- Детали
- среда, 07 јануари 2026
Иако во раните 2000-ти беше меѓу најпознати актерки, благодарение на филмот 10 Things I Hate Аbout You, Џулија Стајлс долг период се повлече од јавноста за да се фокусира на сопругот и своите деца.

Можеби не го препознавате името Џулија Стајлс, но ако бевте опседнати со тинејџерски филмови во 2000-тите, веруваме дека знаете која е.
Кон крајот на 1990-тите и раните 2000-ти, Џулија Стајлс беше меѓу најголемите тинејџерски ѕвезди и доминираше во тинејџерските драми.
Сите сме ги изгледале 10 Things I Hate About You и Save the Last Dance каде Џулија ги глуми главните ликови, успеа да се докаже и со посериозни улоги, како во Mona Lisa Smile и The Bourne Identity.
Сепак, со текот на времето Џулија постепено се повлече од јавниот живот, без разлика што беше ѕвезда на својата генерација.
Па, што се случи со неа?
Стапи во брак
Во 2014 година, на сетот на филмот Blackway, Џулија го запозна Престон Кук, камерман кој ќе стане љубовта на нејзиниот живот.
Почнаа врска, а следната година се свршија, и тоа на Божиќ. Иако не криеше колку е вљубена, Џулија сподели дека нема да брзаат со свадба.
Сепак, во 2017-та се венчаа „на брзина“, најмногу бидејќи Џулија остана бремена, па сакале да бидат во брак кога ќе им се роди детето.
Има три деца
По раѓањето на синот во 2017-та, Џулија и сопругот Престон добија уште две деца – во 2022 и во 2023-та.
Второто дете е машко, додека парот уште успешно го крие полот на третото.
Џулија ретко открива детали од приватниот живот и избегнува да споделува и фотки од нејзините деца.
Дури и раѓањето на децата го најавуваше со што е можно посуптилни објави.