Должи 60.000$, може да стане бездомник - Како пропадна најсексапилниот актер од 1980-те?
- Детали
- вторник, 06 јануари 2026
На последните фотографии Рурк изгледа полошо од било кога - веќе не носи перика, а под кратката, проретчена коса, се гледаат темни дамки, за кои многумина коментираат дека се лишаи и знак дека тој е сериозно болен.

Мики Рурк (73) важеше за најсексапилниот актер во 1980-тите години, откако во 1986-та се појави во еротската драма 9½ Weeks со Ким Бесинџер.
Жените беа заљубени во него, му се фрлаа во прегратки, а тој го живееше американскиот сон.

40 години подоцна, актерот е непрепознатлив и на раб да стане бездомник, бидејќи, должи скоро 60.000$ за кирија за станот во којшто живее.
Според американските медиуми, газдата на станот со месеци не може да наплати кирија од Рурк, па го дал на суд, од каде што му дале рок од 3 дена да плати кирија, а во спротивно ќе биде исфрлен на улица.

Рурк, за да го задржи станот, активираше профил на GoFundMe, страница преку која се собираат донации, со надеж дека луѓето ќе донираат пари и тој ќе успее да го задржи својот дом.
На последните фотографии Рурк изгледа полошо од било кога - веќе не носи перика, а под кратката, проретчена коса, се гледаат темни дамки, за кои многумина коментираат дека се лишаи и знак на болест на некогашниот актер.

Рурк е поранешен боксер кој стекна светска слава со 9 ½ Weeks, по што следеа бројни, но не толку впечатливи улоги.
Во 1990-те се повлече од актерството и му се врати на боксот, а по неколку удари во лицето, почна да прави естетски операции, кои дополнително му го унаказија ликот.

Тој освои Златен глобус за филмот The Wrestler, а беше номиниран и за Оскар.
Погледнете повеќе фотографии:




А. Ј. | Црнобело