Најубавите парови на доделувањето на Златни глобуси 2026 (фото)
- Детали
- понеделник, 12 јануари 2026
Џорџ и Амал Клуни, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, Селена Гомез и Бени Бланко – на овогодишното доделување на Златни глобуси не недостасуваа славни парови.

Првиот важен настан од забавната индустрија за 2026-та се Златните глобуси.
83-тото издание на престижните награди се одржа вчера (11.01), во Лос Анџелес.
На наградите им се оддава почит на најдобрите достигнувања во филмската и ТВ индустријата во САД од претходната година, па на настанот можат да се видат најголемите имиња од Холивуд.
Ѕвездите од популарните серии, но и актерите од филмовите што ја одбележаа претходната година зачекорија на црвениот тепих, дел од нив во друштво на своите сакани.
