Се откажа од успешната кариера по смртта на сопругата, никогаш не се прежени: Се сеќавате ли на актерот Рик Моранис?
- Детали
- сабота, 17 јануари 2026
Со улоги во филмови како The Flintstones и Ghostbusters, никој не ни помислуваше дека Рик Моранис ќе се откаже од актерската кариера. Но, по смртта на сопругата, тој го направи токму тоа - одлучи да се грижи за своите деца како самохран татко и никогаш не се прежени.

Можеби името Рик Моранис не ви значи ништо, но ако сте пораснале во 1980-тите и 1990-тите, веруваме дека ви се познати неговите филмови.
Покрај култниот Ghostbusters, Рик Моранис се има појавено во низа блокбастери како Spaceballs и Parenthood.
Но, и покрај блескавата кариера, Рик одлучи да се повлече од Холивуд поради семејна трагедија.
Неговата сакана сопруга почина од рак на дојката, па тој целосно им се посветени на нивните две деца како самохран татко.
„Направив пауза, која се претвори во подолга пауза.
На луѓето постојано им се случуваат работи и мора да се адаптираат – да ја променат кариера, да се преселат во друг град. И, јас го правев токму тоа“, има изјавено актерот.
Детали од животот на Рик Моранис:
Се прослави со Ghostbusters
Во 1980-тите, Рик Моранис се имаше појавено во неколку филмови, но блокбастерот Ghostbusters го направи светски познат.
„Не може да глумите со Бил Муреј, Ден Акројд и Харолд Рамис, а да не ви биде забавно.
Кога режисерот ми се јави за улогата, морав да прифатам“, изјави актерот кратко по премиерата на филмот.
Во 1989-та тој се врати и за второто продолжение на филмот.
Се појави во некои од омилените семејни филмови од 1980-тите и 1990-тите
Рик Моранис ја имаше главната улога во мрачната комедија Little Shop of Horrors, каде глумеше рамо до рамо со најпознатите комичари од тој период – Стив Мартин, Џим Белуши и Џон Кенди.
Потоа глумеше и во Honey, I Shrunk the Kids, а се појави и во неколкуте продолженија.
Една од неговите попопуларни улоги е во филмската адаптација на The Flintstones каде што го глуми Барни.
Филмот беше огромен хит и кај нас, а имаше заработка од над 340 милиони долари.