Се откажа од успешната кариера по смртта на сопругата, никогаш не се прежени: Се сеќавате ли на актерот Рик Моранис?
Кон крајот на 1990-тите, се повлече од Холивуд
Рик Моранис и неговата сопруга Ен се венчаа во 1986 година и добија две деца.
Но, нивната среќа заврши со трагедија – Ен беше дијагностицирана со рак на дојка и во 1991-ва ѝ подлегна на болеста.
По нејзината смрт, Рик престана да глуми и единствено го позајмуваше својот глас за неколку проекти.
Потоа реши целосно да им се посвети на децата, како самохран татко, и никогаш повторно не стапи во брак.
И, има изјавено дека никогаш не зажалил за оваа одлука.
„Имав чест да работам со навистина интересни луѓе, прекрасни луѓе. Но, тој живот го заменив со живот дома, со мали деца.
Ова е многу поразличен начин на живот. Но, ми беше важно да го направам тоа. Не жалам за апсолутно ништо. Мојот живот е прекрасен“.
Посака да се врати на големото платно
Во 2020 година беше најавено дека ќе се снима ново продолжение од франшизата Honey, I Shrunk the Kids, како и дека Рик Моранис ќе ја репризира својата улога.
Но, поради пандемијата и проблеми со буџетот, снимањето беше одложено и засега не е познато дали некогаш филмот ќе биде завршен.
Рајан Рејнолдс го убеди да се појави во реклама
Во 2020 година, Рајан Рејнолдс сними реклама со Рик Моранис, за мобилниот оператор Mint Mobile.
Рајан не криеше колку е среќен за соработката:
„Го замоливме Рик да биде дел од рекламата осум дена пред да почнеме со снимање. По неколку мејлови и разговор, се согласи. И, беше прекрасно.
Сите на сетот беа восхитени од него, особено јас. Благодарни сме што се врати и се надеваме дека сега ќе остане“.
Беше нападнат во Њујорк
Повторно во 2020 година, Рик Моранис се најде во медиумите, но не поради неговата кариера, туку бидејќи бил нападнат.
Во Њујорк актерот бил удрен по главата и се здобил со полесни повреди на грбот и колкот.
Околу еден месец подоцна, насилникот беше фатен.
Уште се држи настрана од јавност
Денес актерот има 72 години и вистинска реткост е да се забележи во јавност.
Последен па беше фотографиран пред скоро две години.
Нема дадено интервју и не е познато дали некогаш воопшто планира да ѝ се врати на глумата.
Спирова С. | Црнобело