Го уапсија за проституција, живее на фарма: Што се случи со актерот кој го глуми Марв во „Сам дома“?
Ликот на Даниел во „Сам дома“ е еден од омилените, но во своите мемоари, актерот сподели дека морал многу да се бори за да добие повисока плата.
Филмот беше огромен хит, но кога решиле да го снимаат вториот дел, продуцентите му понудиле плата од 600.000 долари.
За споредба, Даниел вели дека од вториот филм, колегата Џо Пеши заработил околу три милиони долари, додека Меколи Калкин добил 5 милиони и плус пет проценти од заработката во киносалите.
Кога Даниел го дознал ова, решил да се бори за повисока плата. Вториот пат му понудиле 800.000 долари, но Даниел сакал да има барем половина од платат на колегата Џо Пеши.
Бидејќи ни неговиот агент не можел да преговара за поголема плата, Даниел му дал отказ.
Но, на крај сепак ја прифатил втората понуда, изјавувајќи дека парите не се најважното нешто што го добил од филмот – овде е и целото искуство.
Даниел Стерн ја продолжи актерката кариера уште многу години, но добиваше главно мали улоги и ништо не го повтори успехот на „Сам дома“.
На крај, одлучил да го напушти Холивуд и да живее мирен и повлечен живот.
Спирова С. | Црнобело