Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерген во Холивуд?
- Детали
- петок, 16 јануари 2026
Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холивудски актери. А, покрај со талентот, доста внимание привлекува и со неговиот љубовен живот – имаше долга врска со јутјуберката Оливија Џејд, а се шпекулира дека ја освоил и Зендеја.

До пред само неколку месеци, повеќето го немаа слушнато името Џејкоб Елорди. Но, 28-годишниот актер беше „главен“ на доделувањето на Златните глобуси минатиот викенд и веќе ужива статус на светска ѕвезда.
Актерот почна да привлекува внимание со филмот Saltburn од 2023-та, но со улогата во Frankenstein на Гиљермо дел Торо, каде што го глуми чудовиштето, почнаа да го споредуваат со најдобрите холивудски актери.
А, покрај неговиот талент, јавноста почна да се интересира и за неговиот љубовен живот, па сега некои го нарекуваат „најпосакуваниот ерген во Холивуд“.
Околу четири години, Џејкоб беше во врска со јутјуберката Оливија Џејд, но се разделија во август минатата година.
Потоа беа забележани заедно во октомври, но наводно повторно раскинале, за неделава уште еднаш да се појават заедно.
Пред врската со Оливија, Џејкоб успеал да освои и некои од најубавите славни жени, како Каја Гербер и Зендеја.
Што се однесува до неговата кариера, Џејкоб бил сигурен дека сака да стане актер уште во тинејџерските години. Па, од родната Австралија се преселил во Холивуд.
Во 2017 година, бил статист во Pirates of The Caribbean: Dead Men Tell No Tales, а веќе следната година доби улога во филмот The Kissing Booth.
Брзо го привлече вниманието на женската публика, а успеа да ја освои и колешката од филмот – Џои Кинг.
Тогаш актерот имаше 19, а Џои 17 години, и врската ја почнаа во 2017-та. Сепак, до крајот на годината се разделија, но снимија уште два филма од франшизата.
Иако овие филмови му помогнаа да стекне некаква слава, Џејкоб изјави дека веќе не сака да глуми во романтични комедии:
„Не сакав да ги снимам филмовите. Смешни се. Ги гледам како бегство“.
Тогаш се соочи со критики од фановите на филмовите и многумина го нарекуваа „неблагодарен“.
Џејкоб се обиде да се извини, но почна да се фокусира и на посериозни улоги.
