Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерген во Холивуд?
Џејкоб успеа да добие улога во серијата Еuphoria, каде глуми со Зендеја и Сидни Свини.
Со оваа улога привлече уште повеќе внимание и доби само пофалби за изведбата.
Во меѓувреме, почна да се шпекулира дека се гледа со колешката Зендаја. Но, тие никогаш не ја потврдија романсата, додека Џејкоб изјави дека ја гледа како сестра.
Иако негираа, неколкупати беа забележани заедно.
Потоа, во 2020-та, Џејкоб почна врска со Каја Гербер, а потврдија дека се заедно со Инстаграм објава за Ноќта на вештерките.
Раскинаа по околу една година, а набрзо потоа Џејкоб ја почна врската со јутјуберката Оливија Џејд.
Со неа раскинуваше и се смируваше неколкупати, а неговите блиски велеа дека сакал да се фокусира на кариерата и немал многу време за љубов.
По ова, следеа само добри ангажмани за актерот – ја имаше една од главните улоги во Saltburn, а го глумеше и Елвис Присли во драмата Priscilla.
Имаше улога во серијата The Narrow Road to the Deep North, а улогата во Frankenstein од минатата му донесе репутација на еден од најдобрите нови актери во Холивуд.
Тој ќе се појави и во последната адаптација на „Оркански височини“, каде ќе го глуми Хитклиф.
Спирова С. | Црнобело
