Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мојата сопруга, ме правеа анксиозен“
- Детали
- вторник, 20 јануари 2026
„Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта пред свадбата, членови на моето семејство ми кажаа дека Никола ’не е крв‘ и ’не е семејство‘“, пишува Бруклин Бекам во објава на Инстаграм Стори. Тој вели дека татко му не сакал да го види за 50-тиот роденден, како и дека мајка му танцувала „несоодветно“ потпрена на него на свадбата со Никола и им го украла првиот танц.

По неколку месеци шпекулирање, Бруклин Бекам реши да се огласи за конфликтот со неговите родители.
Во неколку објави на Инстаграм Стори, 26-годишниот Бруклин ги обвинува родителите дека имиџот им е поважен од сè, како и дека многу од работите што се пишувале за него биле нарачани токму од нив.
Открива дека му ја саботирале врската со Никола уште на почетокот, а мајка му одела дотаму што создавала непријатни ситуации со негови бивши девојки.
Бруклин сподели дека и покрај целата тортура, со Никола сакале да го видат Дејвид за неговиот 50-ти роденден. Но, тој и Викторија одбивале да се видат насамо, туку само „пред стотина гости и камери во секој агол“.
Неговата објава во продолжение:
„Со години молчам и пробувам да ги чувам овие проблеми приватни. За жал, моите родители и нивниот тим продолжија да одат кај медиумите, оставајќи ме без избор освен да зборувам за себе и да ја кажам вистината за само дел од лагите што беа објавувани.
Не сакам да се смирам со моето семејство. Никој не ме контролира, истапувам за себе првпат во мојот живот.
Целиот мој живот, моите родители го контролираат наративот за нашето семејство во медиумите. Перформативните објави на социјалните мрежи, семејните настани и лажните врски беа постојан дел од животот во којшто бев роден.
Неодамна, со мои очи видов колку далеку се подготвени да одат за да пласираат безбројни лаги во медиумите, најмногу на сметка на невини луѓе, за да ја зачуваат нивната фасада. Но, јас верувам дека вистината секогаш излегува на виделина.
Моите родители бескрајно пробуваа да ја уништат мојата врска уште пред мојата свадба, и ова уште трае.
Мајка ми се откажа да ѝ го дизајнира фустанот на Никола во последен момент, без разлика колку возбудена беше Никола за да носи нејзин дизајн, присилувајќи ја итно да најде нов фустан.
Недели пред нашиот голем ден, моите родители ме притискаа и пробуваа да ме поткупат да се откажам од моето име, што би имало влијание врз мене, мојата сопруга и нашите идни деца.
Инсистираа да потпишам пред свадбата, затоа што тогаш на сила ќе стапеа условите од договорот.
Моето одбивање да потпишам влијаеше врз исплатата и оттогаш не ме третираат исто.
За време на планирањето на свадбата, мајка ми отиде дотаму што ме нарече ’злобен‘ бидејќи јас и Никола одлучивме на нашата маса да седат дадилката Сандра и дадилката на Никола, бидејќи и двете се без нивните сопрузи.
Моите и родителите на Никола имаа нивни маси веднаш до нашата.
Ноќта пред свадбата, членови на моето семејство ми кажаа дека Никола ’не е крв‘ и ’не е семејство‘.
Од моментот кога почнав да истапувам за себе со моето семејство, добивам бескрајни напади од моите родители, и приватно и јавно, кои се испратени до медиумите по нивна нарачка.
Дури и моите браќа беа натерани да ме напаѓаат на социјалните мрежи, пред да ме блокираат минатото лето.
