Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мојата сопруга, ме правеа анксиозен“
Мајка ми ми го уништи првиот танц со Никола, кој беше планиран недели однапред, на романтична љубовна песна.
Пред 500-те гости на свадбата, Марк Ентони ме повика на сцената, каде според распоредот беше испланиран мојот романтичен танц со мојата сопруга, но наместо тоа мајка ми чекаше да танцува со мене.
Танцуваше многу несоодветно потпрена на мене пред сите. Никогаш не сум се чувствува, понепријатно и попонижено.
Сакавме да ги обновиме нашите завети за да создадеме нови сеќавања од нашата свадба кои ни носат радост и среќна, а не анксиозност и срам.
Мојата сопруга константно се соочува со непочитување од моето семејство, без разлика колку напорно се обидувавме да се смириме со нив.
Мајка ми многупати викала жени од моето минато во нашите животи, на начин со кој јасно покажуваше дека целта ѝ е да направи и двајцата да се чувствуваме непријатно.
И покрај ова, сепак отидовме во Лондон за роденденот на татко ми и бевме одбивани цела недела, додека чекавме во нашата хотелска соба, пробувајќи да испланираме средба со него.
Ги одбиваше сите наши обиди, освен ако не дојдеме на големата роденденска забава со стотици гости и камера на секој агол.
Кога конечно се согласи да се види со мене, беше под услов Никола да не биде поканета. Ова ми беше како шлаканица. Подоцна, кога моето семејство дојде во Лос Анџелес, одбија да се видат со мене.
Моето семејство цени промоција и одобрување најмногу од сè. Брендот Бекам доаѓа прв.
Семејната ’љубов“ се одредува според тоа колку ќе постирате на социјалните мрежи или колку брзо ќе оставите сè за да дојдете на семејна фотосесија, дури и ако тоа е на сметка на нашите професионални обврски.
Со години дававме најдобро од себе да се појавиме и да покажеме поддршка на секоја модна ревија, секоја забава, секоја прес активност, за да го покажеме ’нашето совршено семејство‘.
Но, кога само еднаш мојата сопруга побара поддршка од мајка ми за да ги спаси кучињата за време на пожарите во Лос Анџелес, мајка ми одби.
Наративот дека мојата сопруга ме контролира е целосно неточен. Скоро целиот мој живот мене ме контролираат моите родители.
Пораснав со огромна анксиозност. За првпат во мојот живот, откако се оттргнав од моето семејство, таа анксиозност исчезна.
Се будам секое утро благодарен за животот што го избрав и најдов мир и олеснување.
Јас и мојата сопруга не сакаме живот оформен од имиџ, прес и манипулации. Само сакаме мир, приватност и среќа за нас и нашето идно семејство“.
Реакциите на јавноста се поделени – некои му дават поддршка и покажуваа разбирање, но други сметаат дека тој е само „разгалено дете“.
Дејвид и Викторија, пак, уште се немаат огласено.
Спирова С. | Црнобело
