Бекамови првпат во јавност по драмата со Бруклин - Дејвид ја држи Викторија за рака, не реагираат на провокации од папараците
И додека семејството на Викторија беше покрај неа на церемонијата во Париз, Никола истовремено објави видео со сопругот на ТикТок, во кое ја слави љубовта со него.
„Те сакам Бруклин“, напиша таа во описот на видеото.
@nicolapeltzbeckham i love you @Brooklyn Beckham
♬ Yellow - Coldplay

Во јавноста ова беше протолкувано како уште еден удар што Бруклин им го зададе на своите родители.
Сепак семејството не дозволи тоа што им се случува приватно да го уништи моментот на Викторија.


На интернет се појави видео како сите заедно ја напуштаат церемонијата, додека Дејвид цврсто ја држи за рака сопругата, а нивните деца се зад нив.
Во видеото може да се слушнат и провокациите од папараците кои прашуваат за Бруклин, и ја исмејуваат Викторија, а му дофрлаат и на Дејвид, но тие смирено влегуваат во автомобилите.


Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело