Бекамови првпат во јавност по драмата со Бруклин - Дејвид ја држи Викторија за рака, не реагираат на провокации од папараците
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
Викторија Бекам прими орден во Париз од француската министерка за култура и првпат се појави во јавноста со целото семејство по драмата со најстариот син Бруклин. Истовремено, неговата сопруга објави видео со Бруклин кое беше протолкувано како нова провокација кон Бекамови.

Семејната драма на Бекамови продолжува и неколку недели откако најстариот син Бруклин ги блокираше родителите на Инстаграм, а потоа преку објава на социјалните мрежи ја обвини мајка си дека „му го украла првиот свадбен танц со сопругата и му ја уништила свадбата“.
Вчера (26.01) Викторија доби орден во Париз, Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres, а ѝ го додели француската министерка за култура.


Покрај неа на настанот беа сопругот, ќерката Харпер и двајцата помали синови, Ромео и Круз.
Тие ја бодреа на церемонијата, а во својот говор, Викторија им се заблагодари за целата поддршка што ја добива од нив низ годините и што верувале во нејзината визија за модниот бренд што го создаде.


Тука беше и Ана Винтур, која е долгогодишна пријателка на семејството, како и неколку пријатели и соработници на Викторија од модниот свет.
Ова беше прво заедничко појавување на Бекамови во јавноста откако Бруклин ги прекина сите контакти со семејството и реши да ја стави сопругата Никола Пелц на прво место.

