„Ким Кардашијан греши со Луис Хамилтон – ги понижуваше бившите, Никол Шерцингер постојано плачеше поради него“
„Тоа е типично однесување за Луис. На Никол не ѝ беше јасно како може да биде толку рамнодушен за сите години што ги поминаа заедно.
Таа сакаше да се венчаат и да имаат деца. Но, тој се однесуваше како тинејџер. Беше тешко за неа“, додава пријателката на пејачката.
По разделбата со Никол, Луис беше поврзуван со Софија Вергара и Ники Минаж.
По некое време почна да се гледа со моделот Вероника Вејл која сега го опишува како „шармантен маж со лоша страна“.
„Луис е многу чуден лик. Тој е како Џекил и Хајд. Брзо му се менува расположението“, вели моделот за The Sun.
Таа открива дека се запознале преку Инстаграм во 2015-та, откако тој ѝ пратил порака. Речиси веднаш ѝ купил лет за Барбадос, а кога стигнала таму, го затекнала возачот „опкружен со многу жени“.
Вели дека на почетокот бил навистина фин, но набрзо открила дека е избувлива личност.
„Летавме со неговиот авион кон Њујорк и Луис полуде кога откри дека пилотот го употребил тоалетот. Сакаше да го отпушти пилотот, беше многу гневен“.
Вероника вели и дека често ја критикувал нејзината тежина.
„Ме нарекуваше дебела пред сите негови пријатели. Ако јас прва посегнев по храна, ќе речеше ’Гледај се – многу си дебела‘.
Кога ќе си ставев храна во чинијата, ми велеше дека многу сум јадела. Кој ѝ прави така на жена?“
Според Вероника, Луис честопати ја навредувал и Никол.
Прочитајте повеќе: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа за парови во хотел (фото)
Спирова С. | Црнобело