„Ким Кардашијан греши со Луис Хамилтон – ги понижуваше бившите, Никол Шерцингер постојано плачеше поради него“
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
„Никол сакаше да се венчаат и да имаат деца, а тој се однесуваше како тинејџер“, вели пријателка на Никол Шерцингер која смета дека Ким Кардашијан прави сериозна грешка со врската со Луис Хамилтон. Бивша девојка на возачот, пак, вели дека ја навредувал и пред неговите пријатели ја нарекувал „дебела“, иако таа работи како модел.

Иако уште нема официјална потврда, се шпекулира дека новата љубов на Ким Кардашијан е Луис Хамилтон – Формула 1 возачот кој скоро цела деценија беше во врска со Никол Шерцингер.
Ким и Луис одамна се познаваат, но сега извори блиски до ријалити ѕвездата велат дека нивното пријателство се претворило во нешто повеќе.
Во период од само неколку денови, тие беа забележани заедно на разни локации – од Париз и Лондон, па сè до Калифорнија каде што наводно поминале цел викенд во домот на Ким.
Според изворите, Луис многу добро го знае целото семејство на Ким, додека мајка ѝ Крис Џенер била среќна за нивната врска.
Сепак, блиските на Ким се сомневале дека Ким направила добар извор бидејќи меѓу славните било познато дека Луис е проблематична личност.
За The Sun се огласила и поранешна девојка на Луис која тврди дека возачот често ја критикувал за нејзината тежина, па дури и ѝ забранувал да јаде сладолед.
Познаници на Никол Шерцингер, пак, ја коментираат нејзината врска со возачот.
За потсетување, Никол и Луис ја почнаа врската во 2007-ма, неколкупати раскинуваа и се смируваа, а конечно ставија крај во 2015 година.
„Никол беше светица што се справуваше со него толку долго. Луис е со многу променливо расположение.
Во еден миг и купуваше подароци и ѝ кажуваше дека ја сака, а веќе следниот почнуваше жестоки караници и ја игнорираше со денови. Беше одвратен.
Никол честопати плачеше поради него. Изгледаше како да му е многу поважно да си излегува со другарите отколку да ѝ обрне внимание“.
Откако раскинаа, Никол сподели дека поминала низ многу тежок период.
„Тажна сум што врската не функционираше. Тоа е една од најтешките одлуки што сум ги донела“, сподели пејачката.
Во меѓувреме, Луис се фалеше дека бил „посилен од кога било“.