Драма за тестаментот на Карл Лагерфелд: Ѝ остави милиони на својата мачка, на семејството не му даде ништо

Карл Лагерфелд ѝ остави околу 1,5 милиони долари на својата мачка, а останатиот дел од богатството им го подели на неговиот личен асистент неговиот кумашин, како и двајца модели. Дизајнерот нема деца, но сега некој од поширокото семејство, најверојатно внуците од неговите сестри, пробувале да допрат до неговите пари.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-01.jpg

Карл Лагерфелд почина од рак во 2019-та на 85-годишна возраст, а зад себе остави богатство од околу 200 милиони долари.

Добро познат факт е дека беше многу приврзан за неговата мачка, па по смртта, ѝ остави околу 1,5 милиони долари.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-03.JPG

Во својот тестамент тој дал детални инструкции за да се осигури дека неговата мачка ќе има многу удобен живот.

Покрај парите, тој обезбедил куќа со градина за неа, а како негувателка ја навел неговата куќна помошничка која долги години работела за него.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-04.JPG

Карл немаше свои деца, а останатиот, поголем дел од богатството го остави на луѓе кои во тестамент ги опишал како неговото „вистинско семејство“.

Солидна сума добил неговиот долгогодишен асистент Себастијан, а му оставил пари и на неговиот кумашин кој имаше само 11 години кога дизајнерот почина.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-11.JPG

Карл навел и уште двајца наследници – моделите Бред Кронинг и Баптис Џиабикони.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-10.JPG

Но, изгледа дека некои од членовите на поширокото семејство на дизајнерот биле незадоволни од тестаментот.

Па сега, седум години по неговата смрт, решиле да почнат судска битка.

Доколку најдат начин да го анулираат тестаментот, тогаш богатството на Карл ќе биде поделено на неговите најблиски роднини.

Карл Лагерфелд имаше две сестри кои починаа пред него. Па, богатството би преминало на нивните деца.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-13.JPG

Едната сестра на дизајнерот, Кристин, се доселила во САД во 1950-тите, каде што добила четири деца.

Едното од децата загинало во сообраќајка на 18-годишна возраст, но останатите три имаат шанси да допрат до парите на дизајнерот.

Но, Карл немал добар однос со сестра му Кристин. Се немале видено уште во 1974 година, Карл не ја сметал за свое семејство, па затоа не ни пробал да им остави нешто на нејзините деца.

Впрочем, дури и едно од децата има изјавено дека не би сакал ништо од наследството на Карл бидејќи немал никакво однос со него.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-02.JPG

Карл имал и полусестра, Теа, која, пак, има една ќерка.

Па, и таа е една од можните наследници доколку тестаментот биде анулиран.

И покрај живите внуци од неговите сестри, Карл повеќе ја сакал својата мачка од нив.

„Знам дека одмаздувањето е злобно и ужасно. Но, не гледам причина зошто да му дадам нешто на некој кој ми направил нешто лошо“, има изјавено дизајнерот.

drama-za-testamentot-na-karl-lagerfeld-ostavi-milioni-na-svojata-machka-na-semejstvoto-ne-mu-dade-nishto-2.JPG

Не криеше дека ја разгалува својата мачка, постојано минуваше време со неа, а честопати ја носеше и на важни настани, како ревии.

Засега не е познато кој бара поништување на тестаментот на дизајнерот, но најверојатно станува збор за некои од внуците.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Носталгија по времињата кога децата беа деца: Познатите во минатото vs. денешните 12-годишни ѕвезди Ќерката на Канје и Ким на 12 години ја нарекуваат дека е како тетка, а Дизни ѕве...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...

Најчитани неделава