Гал Гадот за трауматичната бременост пред 2 години: „Во 8-ми месец имав тромб во мозокот, се прашував дали ќе умрам“
- Детали
- недела, 08 февруари 2026
„Уште пред да се вратам дома (од прегледот) ми се јави докторот и ми рече ’Мора да дојдеш во болница. Сериозно е. Имаш голем тромб во мозокот‘. Сè што можев да помислам во тој момент беше ’Дали ќе умрам? Дали ќе ме спасат? Дали моето бебе ќе биде во ред?‘“ – сподели актерката кон крајот на минатата година, а сега повторно се потсети на најстресниот период од нејзиниот живот.

Во емотивна Инстаграм објава, Гал Гадот се присети на еден од најтрауматичните приод од нејзиниот живот.
Пред околу две години, додека беше во поодмината бременост со четвртото дете, на актерката ѝ бил откриен тромб во мозокот, па наместо да се радува за новиот член на семејството, таа се прашувала дали ќе преживее.

Актерката сподели неколку фотки од периодот кога беше бремена, со опис:
„Пред две години, минував низ многу мрачен период во мојот живот. Веднаш покрај тој мрак, се роди мојата ќерка Ори и донесе многу светлина во мојот живот.
Животот е навистина јин и јанг… во секоја сенка има искра светлина, а во секоја светлина има мрачна точка.
За оние кои не знаат, бев во одмината бременост кога имав тромб во мозокот. Беше страшно и болно. Тоа што останав свесна е она што ми го спаси животот (и неверојатните лекари кои се грижеа за мене). Секогаш грижете се за вашето здравје.
Оваа фотографија беше направена само две недели пред да дознаам за мојата состојба и пред Ори да се роди.
Многу сум благодарна за мојот и животите на моите сакани. На сите ни посакувам здравје и бескрајна светлина. Дури и кога ви се чини дека е мрачно, запомнете – секогаш има точка светлина која ве чека да ја најдете“.

Актерката се породи во февруари 2024-та, но првпат прозборе за здравствените компликации кон крајот на годината.
Тогаш сподели фотографија од болница на која го дои новороденото дете.
„Ова беше година со големи предизвици и рефлексија и се прашував како, дури и дали, да споделам лична приказна. На крај, одлучив да му дозволам на срцето да ме води.
Можеби ова е мој начин да се справам со сè, да ја тргнам завесата на кршливата реалност пред внимателно избраните моменти што ги споделуваме на социјалните мрежи.
Најмногу од сè, се надевам дека споделувајќи го ова, ќе ја зголемам свесноста и ќе ги поддржам другите кои можеби се соочуваат со нешто слично.
Во февруари, за време на осмиот месец од бременоста, бев дијагностицирана со голем тромб во мозокот. Со недели имав ужасни главоболки кои ме врзаа за кревет, сè додека конечно не направив преглед кој ја откри страшната вистина.
Во еден момент, моето семејство и јас бевме соочени со тоа колку е кревок животот. Ова беше суров потсетник за тоа колку брзо може да се промени сè и среде тешката година, сè што сакав беше да живеам.

Брзо отидовме во болница и за неколку часа ми беше направена итна операција. Мојата ќерка, Ори, беше родена во тој момент на несигурност и страв. Нејзиното име кое значи ’моја светлина‘ не беше избрано случајно.
Пред операцијата му кажав на сопругот Џарон дека кога нашата ќерка ќе пристигне, таа ќе биде светлината што ме чека на крајот на овој тунел.
Благодарение на одличниот тим лекари и неколку недели посветена грижа, се изборив и почнав да заздравувам.
Денес сум потполно здрава и полна со благодарност за животот што го подарив.

Научив многу од ова патување. Најпрво, клучно е да ги слушаме нашите тела и да им веруваме што ни кажуваат. Болката, непријатноста, дури и суптилните промени може да имаат подлабоко значење и ако го слушате вашето тело, некогаш може да си го спасите животот.
Второ, свесноста е важна. Не знаев дека три од 100.000 бремени жени во 30-тите години од животот се дијагностицирани со тромб во мозокот.
Важно е да забележи навреме бидејќи се лекува.
