Гал Гадот за трауматичната бременост пред 2 години: „Во 8-ми месец имав тромб во мозокот, се прашував дали ќе умрам“
Иако ова е ретко, сепак постои можност… Го споделувам ова не за да заплашам некој, туку за да ве охрабрам.
Дури и ако една личност посака да преземе нешто во врска со своето здравје поради оваа приказна, тогаш вреди што ја споделив“, пишува во објавата.

Во ноември минатата година, за време на настан во Холивуд, актерката се присети на страшниот период од својот живот додека примаше награда.
Тогаш Гал Гадот доби награда од непрофитната организација Women’s Guild Cedars-Sinai за нејзиното залагање за зголемување на свесноста за женското здравје.
„Почнав да чувствувам многу силна болка. Три недели пробував да ја игнорирам, бидејќи сите го правиме тоа“, рече пејачката.

Таа додава и дека мајка ѝ ја натерала да оди на лекар.
„Уште пред да се вратам дома (од прегледот) и се јави доктор и ми рече ’Мора да дојдеш во болница. Сериозно е. Имаш голем тромб во мозокот‘.
Сè што можев да помислам во тој момент беше ’Дали ќе умрам? Дали ќе ме спасат? Дали моето бебе ќе биде во ред?‘“

Актерката вели дека сопругот веднаш го свртел автомобилот и се вратиле во болницата.
„Ми рекоа дека мора да го извадат бебето. За три часа, бебето беше извадено. Мојата светлина беше родена.
Следното утро додека сопругот го држеше нашето малечко новородено, лекарите ја изведоа операцијата што ми го спаси животот.
И кога се разбудив, сфатив дека сум добила два подарока – еден во моите раце, ќерката Ори. И, еден во моето срце – втора шанса“.
Спирова С. | Црнобело
