Им се родило мртво дете, па загинала во сообраќајка: Трагичната љубов на Кијану Ривс и Џенифер Сим

На почетокот од април во 2001 година, Џенифер отишла на забава во куќата на Мерилин Менсон. По некое време посакала да си оди и некој од нејзините пријатели кои биле таму ја однел дома.

im-se-rodilo-mrtvo-dete-pa-zaginala-vo-soobrakjajka-tragichnata-ljubov-na-kijanu-rivs-i-dzhenifer-sim-14.JPG

Поради некоја причина, се премислила, па решила да се врати на забавата. Тргнала со нејзиниот автомобил, но направила сообраќајка во која загинала.

Истрагата покажала дека Џенифер не носела безбедносен појас, возела со голема брзина и се здобила со сериозни повреди од кои починала речиси веднаш.

Исто така, била под дејство на алкохол и наводно дрога. На денот на нејзината смрт имала само 28 години.

im-se-rodilo-mrtvo-dete-pa-zaginala-vo-soobrakjajka-tragichnata-ljubov-na-kijanu-rivs-i-dzhenifer-sim-03.JPG

Џенифер била погребана до телото на нејзината мртвородена ќерка, а Кијану бил еден луѓето кои го носеле нејзиниот ковчег.

im-se-rodilo-mrtvo-dete-pa-zaginala-vo-soobrakjajka-tragichnata-ljubov-na-kijanu-rivs-i-dzhenifer-sim-05.JPG

Многу години подоцна, Кијану кажа дека за улогата во John Wick, каде што глуми маж чија сопруга е убиена, црпел инспирација од неговото искуство.

im-se-rodilo-mrtvo-dete-pa-zaginala-vo-soobrakjajka-tragichnata-ljubov-na-kijanu-rivs-i-dzhenifer-sim-16.JPG

Тој не ја спомна Џенифер директно и избегнува да зборува за неа, но сподели дека тагата што ја искусил во животот му помогнала подобро да „влезе“ во ликот.

„Загубата на сакана личност беше еден од темелите за улогата во John Wick

Мислам дека никогаш не се надминува ова тагување. Тагувањето и загубата се работи кои никогаш не си одат. Остануваат со тебе“.

im-se-rodilo-mrtvo-dete-pa-zaginala-vo-soobrakjajka-tragichnata-ljubov-na-kijanu-rivs-i-dzhenifer-sim-7.JPG

По трагичната смрт на Џенифер, Кијану никогаш не зборувал за својот љубовен живот и дури откако ја почна врската со Александра Грант ѝ дозволи на јавноста барем малку да ѕирне во неговата приватност.

im-se-rodilo-mrtvo-dete-pa-zaginala-vo-soobrakjajka-tragichnata-ljubov-na-kijanu-rivs-i-dzhenifer-sim-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Кијану Ривс на 61 година првпат стапи во брак - Тајно се венча со саканата Александра „Венчавката се случи во текот на летото во Европа, беше многу дискретна, многу и...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg