Кијану Ривс на 61 година првпат стапи во брак - Тајно се венча со саканата Александра

„Венчавката се случи во текот на летото во Европа, беше многу дискретна, многу интимна. Кијану и Александра со години зборуваат за брак, но на крајот решија да направат нешто само за нив. Ја ценат својата приватност, па тајната венчавка совршено им одговараше“, рекол анонимен извор.

kijanu-rivs-na-61-godina-prvpat-stapi-vo-brak-tajno-se-vencha-so-sakanata-aleksandra-01.jpg

Еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс, веќе не е на листата „најпосакувани ергени“.

На 61 година тој наводно стапил во брак со својата сакана Александра Грант, со која е во врска од 2019 година. Ова е прв брак на актерот.

kijanu-rivs-na-61-godina-prvpat-stapi-vo-brak-tajno-se-vencha-so-sakanata-aleksandra-07.jpg

Според RadioOnline, кој се повикува на близок пријател на парот, Кијану и Александра (52) имале тајна интимна венчавка во Европа.

„Венчавката се случи во текот на летото во Европа, беше многу дискретна, многу интимна. Тие со години зборуваат за брак, но на крајот решија да направат нешто што е само за нив.

Тие ја ценат својата приватност, па тајната венчавка совршено им одговараше“, рекол анонимниот извор.

kijanu-rivs-na-61-godina-prvpat-stapi-vo-brak-tajno-se-vencha-so-sakanata-aleksandra-06.jpg

Парот се запозна на забава во 2009 година и долго време соработувале пред да почнат врска во 2019 година.

Откако се дозна дека се заедно, Александра е постојано со Кијану, го следи на неговите патувања и му е огромна поддршка.

kijanu-rivs-na-61-godina-prvpat-stapi-vo-brak-tajno-se-vencha-so-sakanata-aleksandra-08.jpg

Според блиските на Кијану, таа е жената што му ја вратила вербата во љубовта, откако во април 2001 година почина неговата тогашна девојка, актерката Џенифер Сајм.

Само 4 месеци претходно, Џенифер и Кијану го очекуваа раѓањето на нивната ќерка, но бебето се роди мртво и тоа влијаеше на двајцата.

По смртта на Џенифер, актерот скоро никогаш не се појави во јавноста со некоја жена, ниту пак медиумите го врзуваа со некоја жена, сè до Александра.

kijanu-rivs-na-61-godina-prvpat-stapi-vo-brak-tajno-se-vencha-so-sakanata-aleksandra-09.jpg

Прочитајте и Ја гледа вљубено, постојано ја држи за рака: Кијану Ривс на романтичен ручек со девојка му Александра (фото)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
Дозвола за проститутки, отворен брак: Бизарни брачни договори на славните (кои завршиле со солзи) Иако пробуваат да негираат, Вил Смит и Џејда имаат отворен брак. Но, ова изгледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg