Никој не го мрази Twilight колку него, тежок е за соработка: Факти за Роберт Патинсон

Имаше проблеми со алкохолизам

Несомнено, Twilight беше вистински феномен, па распоредот на актерот бил во најмала рака натрупан.

Се случувало да прави и по 30-40 интервјуа дневно и постојано морал да се појавува некаде.

И, за да се справи со целиот стрес, тој се свртел кон алкохолот.

Тој нема зборувано многу за битката со алкохолизмот, но наводно сега го оставил проблемот зад себе.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-11.JPG

Наводно имал афера со Зои Кравиц

Во 2022 година, Роберт Патинсон ја имаше главната улога во The Batman, а во филмот се појавува и Зои Кравиц.

И, според некои извори, тие имале афера која почнала уште во 2020-та.

Роберт е во брак со актерката Суки Вотерхаус од 2018 година, но според гласините, ова не го спречило да почне врска и со Зои.

Тој период, пак, Зои се разведе со сопругот, наводно поради Роберт.

Сепак, шпекулациите не се потврдени, а Роберт уште е во среќен брак со Суки.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-03.JPG

Бил тежок за соработка

Додека траело снимањето на The Batman, на режисерот не му се доаѓало однесувањето на Роберт Патинсон.

Во една пригода, дури и му се развикал и наводно му рекол:

„Ти си најголемиот нарцис од сите актери со коишто има соработувано. Завршуваме со снимање во март и потоа крај. Не сакав веќе никогаш да работам со тебе“.

Други извори велат и дека актерот имал навика да доаѓа пијан на сетот, со што дополнително се снимањето

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-09.JPG

Јавно го критикуваше серијалот Twilight

Точно е дека Twilight е далеку од книжевно ремек-дело, а истото може да се каже и за филмовите.

Но, најчудно е што Роберт Патинсон самиот многупати ги има критикувано и книгите, и филмовите.

Тој има изјавено и дека се чувствувал непријатно додека ги читал книгите.

„Кога ги читав, бев убеден дека Стефани (авторката) си замислува дека е Бела и дека ова е книга која никогаш не требало да биде издадена.

Се чувствував како да читам нејзина сексуална фантазија. На пример, некои работи за Едвард се премногу специфични.

Си помислив ’Женава е луда, се заљубила во нејзината фиктивна креација‘. И, се чувствував непријатно додека го читав ова“.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-10.JPG

Тој го има критикувано и неговиот лик:

„Секогаш има чудаци како Едвард што поради некоја причина ги привлекуваат жените.

Ако Едвард беше вистински лик и го сретнете во реалноста, веројатно би бил психопат со секира или нешто такво“.

Тој има изјавено и дека не му е јасно зошто серијалот има толку фанови.

„До денес не ми е јасно… Мислам дека луѓето само сакаат нешто што ги дефинира, како дека се фанови на Twilight За мене ова е лудо. Мислам дека луѓето само сакаат да припаѓаат некаде“.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-05.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg