Никој не го мрази Twilight колку него, тежок е за соработка: Факти за Роберт Патинсон

„Се чувствував како да читам нејзина сексуална фантазија. На пример, некои работи за Едвард се премногу специфични. Си помислив ’Женава е луда, се заљубила во нејзината фиктивна креација‘. И, се чувствував непријатно додека го читав ова“, има изјавено Роберт Патинсон за серијалот Twilight.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-01.jpg

Првата поважна улога на Роберт Патинсон беше во Harry Potter and the Goblet of Fire што му помогна колку-толку да се пробие.

Но, стекна светска слава благодарение на адаптацијата на серијалот Twilight.

Оттогаш многупати покажал дека е навистина талентиран актер кој може да се снајде во скоро секаква улога.

Неколку факти за Роберт Патинсон што можеби не сте ги знаеле:

Страдал од депресија и анксиозност

Актерот самиот има откриено дека страдал од депресија и му било страв да побара помош.

Иако денес важи за еден од најдобрите холивудски актери, вели дека на почетокот од кариерата имал и панични напади пред секоја аудиција.

„Анксиозноста буквално ме парализираше… не можев да правам ништо“, има изјавено во интервју.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-06.JPG

Страдал и од телесна дисморфија

Кога излезе првиот филм од серијалот Twilight, Роберт Патинсон преку ноќ стана миленик на тинејџерките.

И, до денес си ја заржа репутацијата на згоден актер кој изгледа добро.

Но, тој вели дека страда од телесна дисморфија, па секое одење црвен тепих му е висински кошмар, барем додека да стигне на настанот.

„Многу сум анксиозен, до моментот кога излегувам од автомобил на настанот и тогаш, одеднаш, анксиозноста исчезнува. Но, до тој момент, телесната дисморфија ми создава пресилна анксиозност“.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-07.JPG

Тој има зборувано и за тоа дека му е чудно што многумина го сметаат за привлечен.

„Навистина е чудно бидејќи откако се прославив постојано мислев на тоа да изгледам добро. Претходно, искрено, не ни ми беше гајле“.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-04.JPG

Тешко го преболе јавното раскинување со Кристен Стјуарт

Додека работеа на серијалот Twilight, Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон почнаа врска и брзо станаа омилениот славен пар.

Но, во 2012 година, Кристин беше фотографирана како се бакнува со режисерот Руперт Сандерс.

Актерката се извини јавно, но, очекувано, Роберт стави крај на врската набрзо потоа.

Уште полошо за актерот беше што сето ова се случи неколку месеци пред премиерата на последното продолжение од Twilight.

Иако денес ова поглавје од животот е зад него, извори блиски до него велат дека му било неподносливо да оди на премиери и настани со Кристен по такво јавно раскинување.

Самиот, пак, има изјавено дека му било особено тешко и тоа што сите го прашувале за Кристен.

nikoj-ne-go-mrazi-twilight-kolku-nego-tezhok-e-za-sorabotka-fakti-za-robert-patinson-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg