Татко му извршил самоубиство, страдаше од депресија и зависност: Тажни детали од животот на Ерик Дејн
- Детали
- петок, 20 февруари 2026
Ерик Дејн, попознат како доктор Слоун од Grey’s Anatomy, имал само седум години кога татко му извршил самоубиство. Низ годините, актерот страдал од алкохолизам и зависност од лекови, а еден период водеше и битка со депресија. Тој почина на 19-ти февруари , по кратка битка со амиотрофична латерална склероза.

Ерик Дејн ќе остане запомнет како доктор Слоун (или McSteamy) од „Вовед во анатомија“ и уште од првото појавување во серијата стана миленик на публиката.
Приватно беше посветен татко и сопруг, а со сопругата Ребека беа во брак уште од 2004 година.
За жал, животот на Ерик згасна прерано – тој почина на 19-ти февруари, неполна година откако ја откри дијагнозата со амиотрофична латерална склероза.
Нo, битката со страшната болест не е единствената трагедија од животот на актерот – во минатото се бореше со алкохолизам, зависност, но и проблеми со менталното здравје.
Тажни детали од животот на актерот:
Не сакал да открива дека има амиотрофична латерална склероза
Како и секој друг, кога ја добил дијагнозата, Ерик Дејн сакал да ја води својата битка приватно, со поддршката од неговите најблиски.
Но, како јавна личност, сфатил дека нема избор освен да ја сподели својата дијагноза со целиот свет.
„Не сакав да ја откријам дијагнозата. Но, сметав дека ова е нешто што морам да го споделам. Стануваше потешко да скријам што се случуваше“, сподели актерот во октомври минатата година.
Во истото интервју, околу шест месеци откако првпат прозборе за болеста, тој кажа и дека десната рака веќе му е неподвижна.
„Мислам дека за неколку месеци веќе нема да можам да ја користам ни левата рака. Ова искуство е отрезнувачко“, додаде актерот.
Тој сподели дека пред да ја открие дијагнозата, бил свесен дека јавноста шпекулира за неговата здравствена состојба бидејќи изгледал многу послаб.
Кога ја откри вистината, пак, бил вчудовиден од реакциите.
„Никогаш не сум почувствувал повеќе љубов и поддршка“.
Се бореше со зависност од лекови и алкохол
Во 2011-та, тогаш 38-годишниот Ерик решил да побара помош за неговата зависност од лекови против болка.
Овој период, тој и сопругата Ребека очекуваа дете и актерот решил дека е време да се справи со проблемот.
„Своеволно отиде во установа за рехабилитација за да се ослободи од зависноста од лекови за болка кои му беа препишани поради спортска повреда“, сподели неговиот портпарол.
Актерот има изјавено дека бил склон кон зависности, па покрај лековите против болка, страдал и од алкохолизам.
Пред да ја добие улогата во Greys’Anatomy бил трезен неколку години, но потоа повторно му се вратил на алкохолот.
„Во сите осум години што бев на Grey’s Anatomy, почесто бев пијан отколку трезен. И, тогаш многу работи тргнаа во надолна линија“, откри актерот во 2024-та.
Тој сподели дека славата што ја стекнал преку серијата за него била неподнослива, па алкохолот му бил како бегство од реалноста.
Актерот отишол на рехабилитација, но повторно му се врати на порокот и во 2012-та беше избркан од серијата.
„Имав проблем. Не ме отпуштија поради алкохолизмот, но мојата зависност дефинитивно не ми беше од помош“.
