Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават крај на конфликтот“
„Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави (за роденденот).
Ова покажува дека сите му го посакуваат само најдоброто и сите се подготвени да стават крај на сето ова бидејќи го сакаат и се грижат а него“, вели изворот.
Изворот вели и дека се навистина тажни што единствениот начин на кој можат да стапат во некаков контакт со Бруклин е преку социјалните мрежи.
И Ромео Бекам се обиде да допре до брат му, но на посуптилен начин.
На Инстаграм Стори сподели фотографија од него и Бруклин како деца, но не стави никаков опис.
Дедо му, пак, сподели неколку фотки на кои позира со Бруклин, но и со Никола, како и со неговата сопруга Хилари.
„Среќен роденден Бруклин. Се надевам дека имаш прекрасен ден. Со љубов од дедо и Хилари“, стои во описот.
Според некои извори, Бруклин сепак е во подобар однос со дедо му Тед и неговата сопруга Хилари, а наводно и редовно контактирале.
Сепак, самиот го нема потврдено ова.
За потсетување, во јануари Бруклин откри која е причината за влошениот однос со родителите.
Според него, Дејвид и Викторија пробувале да му го саботираат бракот, како и дека брендот „Бекам“ им бил многу поважен од самото семејство.
Дејвид и Викторија не се огласија за објавата на Бруклин, но досега неколкупати пробувале да ги подобрат односот со него.
На пример, на Нова година Дејвид сподели неколку фотки на Инстаграм на кои се гледа и Бруклин, а во описот вели дека сите ги сака многу.
Објавата ја сподели и Викторија.
Прочитајте и: Раскошниот живот на Бруклин и Никола Пелц: Одмори со приватни авиони, вина кои чинат колку еден стан
Спирова С. | Црнобело
