Банкротирал, па наводно си ја лажирал смртта на брод: Каде исчезна бившиот на Оливија Њутн Џон?

„Дали имал финансиски проблеми и го лажирал исчезнувањето, дали ова било убиство или киднапирање, никој не знае“, додава новинарката.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-11.JPG

Истата година се огласи и менаџерот на пристаништето од каде што испловил Патрик.

Бродот се вратил на копно со целиот екипаж, освен Патрик. Но, менаџерот вели дека е сигурен дека и Патрик се вратил назад.

„Јас верувам дека Патрик се вратил назад со бродот. Но, може да грешам.

Може го киднапирале вонземјани, но дефинитивно се врати со бродот и го напушти на копно.

Гледајте, ако навистина сакате да скокнете од брод, ќе скокнете кога никој нема да ве види“.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-04.JPG

Мистеријата се продлабочи кога и рибар од екипажот излезе со тврдење дека го видел Патрик на бродот околу 3,5 часа од испловувањето, но потоа воопшто не го забележал.

„Внимавав на него, но потоа воопшто не го видов“.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-07.JPG

Во чудниот сплет на околности, по исчезнувањето на Патрик, Оливија Њутн Џон се зближила со неговата поранешна сопруга, Ивет Нипар.

„Многу се зближив со неговата поранешна сопруга, Ивет, која е прекрасна личности.

Стануваме добри пријателки, а го гледам и неговиот син, добро му оди“, сподели актерката околу една година по исчезнувањето.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-6.JPG

Во 2016-та, пак, Оливија порача дека е време да се замолчат шпекулациите за исчезнувањето на Патрик.

„Тој исчезна на море, никој не знае што се случи. Човечки е да се прашуваме. Но, ова се работи во животот со кои мора да се помириме“.

Додека тагуваше по Патрик, Оливија го запозна нејзиниот втор сопруг, Џон Истерлинг, со кој се венча во 2008 година.

„Излеговме само неколкупати, но не очекував да се вљубам во него. И, потоа бум!“, сподели актерката во интервју неколку години по свадбата.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-03.JPG

Таа додаде и дека сопругот Џон ѝ помогнал да го надмине исчезнувањето на Патрик, но и шпекулациите дека си ја лажирал смртта.

Сепак, гласините за судбината на Патрик не стивнаа и во 2016-та, некои извори тврдеа дека навистина бил во Мексико, каде што живеел со неговата девојка.

Неколкупати се појавувале извори кои тврделе дека го забележале во Мексико, но ништо од ова не е потврдено.

Што се однесува до истрагата, надлежните наводно не нашле никакви докази за убиство, самоубиство или измама.

Официјално, случајот е затворен уште одамна, па се чини дека никогаш нема да се дознае што точно се случило.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Гледал нејзин филм 75 пати, ја засакал и пред да се запознаат - Љубовната приказна на Емили Блант и ... Актерите Емили Блант и Џон Красински се доказ дека и во Холивуд е можна вистинск...
Ја изгуби сопругата од рак на дојка, син му почина на 16 години: Тажниот живот на Џон Траволта Во 1970-тите, девојката на Џон Траволта почина од рак на дојка, а во 2020-та, ја...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...

Најчитани неделава