Банкротирал, па наводно си ја лажирал смртта на брод: Каде исчезна бившиот на Оливија Њутн Џон?

Патрик Мекдермот исчезна додека беше во врска со Оливија Њутн Џон. Според официјалните информации, исчезнал додека пловел со рибарски брод, но веќе две децении се провлекува теоријата на заговор дека си ја лажирал смртта бидејќи имал многу долгови.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-01.jpg

Од 2008 година, па сè до нејзината смрт во 2022-ра, Оливија Њутн Џон беше во брак со Џон Истерлинг, а кој велеше дека е „љубовта на нејзиниот живот“.

Претходно, од 1984 до 1995 година, таа беше во брак и со актерот Мат Латанзи.

Но, помеѓу двата брака, актерката имаше долга врска со камерманот Патрик Мекдермот.

Тие се запознаа кратко по нејзиниот прв развод, а во наредните девет години, неколкупати раскинуваа и се смируваа.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-02.JPG

Можеби нивната врска ќе траеше подолго, но во 2005 година, камерманот исчезна додека беше на патување со рибарски брод.

Сепак, до денес, дел од јавноста е убедена дека Патрик воопшто не се удавил, туку дека самиот си ја лажирал смртта.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-0.JPG

Што знаеме за неговото мистериозно исчезнување?

Кон крајот на јуни 2005 година, Патрик Мекдермот тргнал на дводневно пловење со рибарски брод од Лос Анџелес.

На 30-ти јуни му се губи секаква трага и бродот се вратил на копно со целиот екипаж, освен Патрик. 

Но, за неговото исчезнување било известено цела недела подоцна, на 11-ти јули, и тоа само бидејќи неговата поранешна сопруга пријавила во полиција.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-05.JPG

Тој период Патрик и Оливија уште не беа официјално разделени, но актерката одбиваше јавно да зборува за тоа каде е.

Според некои извори, Оливија била во спа-центар во Австралија кога Патрик исчезнал.

По некое време, почна да се шири приказната дека Патрик се удавил и е мртов, иако немаше никакви информации за тоа што точно се случило.

Сепак, истовремено, некои медиуми почнаа да зборуваат за друга верзија на настаните – Патрик воопшто не бил мртов, туку си ја лажирал смртта и сега живее во Мексико.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-08.JPG

Некои медиуми најмиле и приватни детективи кои наводно им ги потврдиле сомнежите дека многу работи се нејасни.

Во интервју за NBC News од 2005 година, австралиска новинарка откри дека Патрик имал финансиски проблеми кога исчезнал.

„Она што го дознавме е дека Патрик имал проблеми со неговите финансии.

На рибарскиот брод The Freedom, тој му кажал на екипажот дека имал проблеми со алиментацијата за неговата бивша сопруга, која е актерка.

Колку што знам, се жалел за финансиски проблеми со неа“.

bankrotiral-pa-navodno-si-ja-lazhiral-smrtta-kade-ischezna-bivshiot-na-olivija-njutn-dzhon-09.JPG

CBS News, пак, допре до документи кои покажале дека Патрик банкротирал во 2000 година и наводно имал долгови од над 30.000 долари.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Гледал нејзин филм 75 пати, ја засакал и пред да се запознаат - Љубовната приказна на Емили Блант и ... Актерите Емили Блант и Џон Красински се доказ дека и во Холивуд е можна вистинск...
Ја изгуби сопругата од рак на дојка, син му почина на 16 години: Тажниот живот на Џон Траволта Во 1970-тите, девојката на Џон Траволта почина од рак на дојка, а во 2020-та, ја...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...

Најчитани неделава