Кејт Мидлтон мораше да се соблече боса, ја критикуваат за стапалата: „Грозни се, можела да исече нокти“
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
„Како може една принцеза да има вакви стапала? / Можела барем да ги исече ноктите“ - пишуваат на социјалните мрежи откако вирално се проширија фотки од стапалата на Кејт Мидлтон, која мораше да се соблече боса во храм и покажа дека и на принцезите им се случува да имаат несредени стапала.

Принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, викендов предизвика јавна дебата на социјалните мрежи, овој пат со својот изглед.

Таа беше во посета на хиндуистички храм во Лејчестер, по повод Фестивалот на боите, еден од најпознатите индиски фестивали на кои се слави доаѓањето на пролетта и се одбележува со танц, музика, храна и чај.
Кејт мораше да ги соблече штиклите во знак на почит, но наместо фокусот да биде на нејзиниот гест и цел на посетата, како и почитувањето на традициите, сите се фокусираа на нејзините стапала со кои не остави впечаток на кралски негувана принцеза.

Како и секогаш на формални настани, таа носеше проѕирни хулахопки, низ кои ѕиркаа несредените нокти кои не поминаа незабележано.
„Како може една принцеза да има вакви стапала? / Можела барем да ги исече ноктите / Кејт Мидлтон, идната кралица, има вакви неуредни стапала...“
Иако доби негативни критики на социјалните мрежи, сепак со овој потег таа покажа дека дури и кралските дами се само обични жени, на кои може да им се случи да имаат несредени стапала, што е последица и од постојаното носење штикли и тесни чевли на сите кралски настани.

Инаку, за настанот принцезата изгледаше прекрасно како и секогаш, облечена во светол фустан и крем капут, комбинирано со кафеави штикли.
Погледнете повеќе фотки:







М. М. | Црнобело