Ја одгледа ќерката сама откако Том Круз ја напушти, личи како да не остарела – Пластичен хирург ги откри тајните на Кејти Холмс (47)
- Детали
- четврток, 16 април 2026
Пластичен хирург откри како бившата на Том Круз, Кејти Холмс (47), изгледа како да не остарела сите овие години иако не отишла „под нож“ – деновиве неколкупати воодушеви со блескавиот изглед и сите се сомневаат дека направила операции.

Прекрасната актерка Кејти Холмс (47), која е поранешна сопруга на Том Круз, со кого ја има ќерката Сури, покажа дека годините не ѝ можат ништо и изгледа како да не остарела ниту еден ден откако роди пред 19 години.
Инаку, таа ја одгледа сама ќерката, откако се раздели од Том Круз, коj со години ја нема видено својата наследничка заради неусогласени ставови со скиентолошката црква на која е верен припадник.

Низ годините често ја гледавме Кејти во несредено издание, лежерно облечена и без шминка, додека шета сама или со ќерката, но во последно време изгледа подобро од кога било.
Кејти и Сури во 2010
Кејти и Сури во 2025
Таа сега воодушеви со младешкиот изглед додека парадираше по црвениот тепих со колегата Џошуа Џексон на премиера на филм, облечена во светкаво здолниште со бела кошула, разголена кај рамото.
На себе има минимална шминка, а лицето ѝ изгледа блескаво, па веднаш сите го искоментираа нејзиниот лик без брчки.

„Изгледа како да има 20 години, да не ја нашла фонтаната на младоста? / Сигурно направила естетски процедури и операции“ – пишуваат фановите на социјалните мрежи.

Подоцна таа уште еднаш беше забележана низ Њујорк, во лежерен аутфит со фармерки и жолта блуза, а лицето ѝ блеска и сјае.


Сепак, изгледа дека сепак таа е достојна на својот став за природен изглед и навистина нема операции, но го негува своето лице соодветно, како што и самата има кажано.
„Пијам многу вода, се трудам да јадам многу зеленчук за кожата да ми е поздрава“ – има изјавено таа во минатото, а редовно оди и на третмани за лице и ја чисти кожата соодветно.
По шпекулациите за пластични операции и процедури, пластичен хирург од Беверли Хилс, д-р Кан, се огласи за Daily Mail со свој став:
„Нема брчки на образите, значи дека можно е да користи микродермабразија, што ѝ ги брише линиите.
Тоа е минимално инвазивен третман на кожата кој нежно го ексфоалира надворешниот слој.
Микродермабразија ги отстранува мртвите клетки и создава нова површина со изедначен тен. Навистина брише години од ликот.

Веројатно користи и хијалуронска киселина, што е многу често денес, тоа е одличен навлажнувач на кожата и прави да изгледа здраво.
Сигурно е посветена и на принципот да избегнува сонце и да користи SPF за заштита од сончевите зраци“.

M. M. | Црнобело