Кејт Бланшет со стар фустан на Филмскиот фестивал во Венеција – го носеше пред неколку години, често повторува аутфити (фото)
- Детали
- петок, 29 август 2025
Кејт Бланшет веќе ја нарекуваат кралица на одржливата мода бидејќи е една од ретките славни дами кои носат ист аутфит на црвен тепих повеќе од еднаш. Актерката секогаш инсистирала да облече нешто што веќе го има во гардероберот, а се залага да ја зголеми свесноста за непотребното купување облека која завршува на депонија.

Додека повеќето славни дами на секој важен настан се појавуваат во различен аутфит, Кејт Бланшет ја промовира одржливата мода.
56-годишната актерка многупати носела иста креација на два различни настани, а истото го направи и на годинешното издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
Кејт на Филмскиот фестивал во Венеција 2025
Вчера (28.08), Кејт се појави со елегантен црн фустан со длабоко деколте – истата креација што ја носеше и во 2022-ра на доделувањето на SAG наградите.
Елегантна како и секогаш, Кејт единствено носеше различен накит.
Кејт во 2022-ра
Кејт во 2022-ра
Ова не е првпат убавата актерка да ги „рециклира“ раскошните аутфити.
Минатата година, на Канскиот филмски фестивал, таа носеше долг златен фустан, а повторно се појави во истата креација и на Златните глобуси во јануари годинава.
На ланскиот Филмски фестивал во Торонто го носеше истиот фустан што го носеше на British Academy Britannia Awards во 2018-та.
Се чини дека лани пејачката не купила ниту еден свечен фустан, бидејќи и на премиерата на нејзиниот филм TAR на Филмскиот фестивал во Берлин носеше фустан што претходно го носеше во Кан во 2018-та.
Некогаш актерката прави и различни комбинации со парчињата што веќе ги носела.
На Филмскиот фестивал во Венеција во 2018 година таа носеше долго црн фустан со златен топ со еден ракав.
Минатата година се појави на црвен тепих со истиот топ, но овој пат го комбинираше со црн комбинезон.