Кејт Бланшет со стар фустан на Филмскиот фестивал во Венеција – го носеше пред неколку години, често повторува аутфити (фото)
На настан во 2022-ра, Кејт се појави со фустан со сребрени синџири, а на Филмскиот фестивал во Венеција минатата година го искористи само горниот дел од фустанот, во комбинација со црни панталони.
Потоа, на Оскарите во 2022-ра, носеше кадифено здолниште со сина кадифена блуза која минатата година ја носеше на модна ревија.
Кејт ги „рециклира“ нејзините аутфити уште многу одамна. На пример, на Златните глобуси во 2014 се појави во долг црн фустан со тантела. Само неколку месеци подоцна, се појави со истиот фустан на кој само му ја замени тантелата.
Кејт двапати носеше ист фустан и на настани во 2015 година.
Во 2016 година, на доделувањето на BAFTA Awards Кејт се појави со долг фустан со впечатлив корсет со цветови. Потоа, во 2020-та, актерката го искористи само корсетот од креацијата и го искомбинира со долги црни панталони.
Стилистката на Кејт има изјавено дека актерката секогаш инсистира да облече нешто што веќе го има во гардероберот, наместо секојпат да купува нова облека.
„Кејт сака да промовира одржлива мода на црвениот тепих, па секогаш ги копира впечатливите комбинации. Потоа ја донира облеката“.
И самата Кејт има изјавено дека за неа е особено важно да не купува облека прекумерно, особено во ерата на брзата мода, кога голем дел од облеката завршува на депонија.
„Изминатава деценија видовме дека ако претходно облеката беше сезонска, сега е транс-сезонска, мултисезонска… Кога ќе сфатите дека во светот се купуваат 18 милијарди парчиња облека годишно, што е 400% повеќе од пред десет години, ќе помислите дека ова не функционира.
Сметам дека повеќето модни куќи се фокусираат на идејата за одржливост, но треба да најдеме начин да го смениме нашиот бизнис модел. Ова не може да се среди за 24 часа, но мора да се промени“.
Актерката додаде и дека разговарала со многу дизајнери за тоа како може да се прават креации кои потоа ќе можат да се рециклираат и материјалот повторно да се искористи за некое ново парче.
Спирова С. | Црнобело