Ја нарекувале „резервоар“ бидејќи користела многу дрога и алкохол: Најлудите детали од животот на Кејт Мос
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
Додека беа заедно, Кејт Мос и Џони Деп беа познати како „најиздрогираниот пар во Лос Анџелес“. Откако се разделија, проблемите со зависност на моделот само се влошија и таа се најде среде низа скандали кои некогаш ја чинеа и соработки со познати брендови.

Кејт Мос, еден од најпознатите модели на сите времиња, денес води мирен живот и генерално се држи настрана од јавност.
Но, нејзината младост, покрај успешната кариера, ја одбележаа низа скандали и проблеми со дрога и алкохол.
Најлудите моменти од животот на Кејт Мос:
Со Џони Деп беа познати како „најиздрогираниот пар“
Врската на Џони Деп и Кејт Мос беше една од најбурните и вклучуваше користење многу дрога и алкохол, уништување хотелски соби, па дури и судири со полицијата.
Поради многуте испади, тие беа познати како „најиздрогираниот пар во Лос Анџелес“.
Друг проблем бил и тоа што Кејт се однесувала многу посесивно кон актерот и постојано му ѕвонела, без разлика дали тој бил на снимање или бил зафатен.
Кога, пак, раскинаа, зависноста на Кејт само се влоши.
Ја нарекувале „резервоар“ поради лудите забави
Во 1996 година, кога на нејзината врска со Џони Деп почнал да ѝ наближува крајот, зависноста од дрога и алкохол а Кејт Мос излегувала од контрола.
Дури и Џони Деп, кој самиот признава дека е алкохоличар, станувал уморен од однесувањето на Кејт.
На едно седнување, Кејт Мос можела да консумира многу кокаин и да испие цело шише вотка.
„Пиеше и се дрогираше толку многу, но и толку брзо, што почнаа да ја нарекуваат резервоар“, има изјавено извор за New York Post.
Доживеа нервен слом поради фотосесија
Во 1990-тите, Кејт Мос направи фотосесија со Марк Волберг за Calvin Klein.
Иако фотографиите денес се сметат за легендарни, за Кејт оваа соработка била мошне трауматично искуство.
Оваа фотосесија ја лансира кариерата на Кејт, но таа вели дека имала нервен слом поради целото искуство.
„Воопшто не се чувствував како себеси. Се чувствував лошо што стоев покрај некој набилдан дечко. Не ми се допаѓаше. Две недели не станав од кревет“.
Според некои извори, и Марк Волберг не се однесувал многу добро кон Кејт, а фактот што таа е топлес дополнително ѝ ја отежнувало ситуацијата.
Имено, Марк Волберг на глас кажувал дека Кејт не е привлечна и дека личела на неговиот внук.