Ја нарекувале „резервоар“ бидејќи користела многу дрога и алкохол: Најлудите детали од животот на Кејт Мос
Гласини за тројка со Џуд Ло и неговата поранешна сопруга Седи фрост
Откако раскина со Џони Деп во 1998 година, Кејт Мос повеќе време минуваше во Англија.
Овде се запозна со Џуд Ло и неговата тогашна сопруга Седи Фрост.
Иако ова не е потврдено, се шпекулира дека Кејт почнала сексуална врска со Седи, а потоа им се придружил и познатиот актер.
„Заедно се забавуваа, заедно спиеја. Живееја живот без душа“, тврди изворот.
Друг извор, пак, вели дека Кејт имала навика да спие со дечковците на нејзините пријателки.
Ја запалила нејзината соба додека била на рехабилитација
Кејт Мос заврши и на рехабилитација во Лондон откако раскина со Џони Деп.
Во клиниката предизвикала пожар во нејзината соба, но наводно ова не било намерно. Кога, пак, излезе, не чекаше долго пред да им се врати на пороците.
Во 2005 година, моделот уште еднаш беше на рехабилитација, овој пат во Аризона, САД.
Изгуби многу договори поради зависноста
Во 2005 година, во јавност се појавија фотографии и видеа на кои се гледа како Кејт Мос користи кокаин.
Иако не беше тајна дека таа има проблеми со зависност, снимките лошо се одразија на нејзината репутација.
Па, во наредните неколку недели, таа изгуби 4 милиони долари откако низа брендови како Burberry и H&M ја прекинаа соработката со неа.
Доживеа страшна сообраќајка
Во 2001 година, Кејт Мос доживеа страшна сообраќајка во Лондон, а медицинските екипи морале да го сечат безбедносниот појас за да ја извлечат на безбедно.
Таа имала повреди на рамената, а удрила во автомобил со повозрасен пар.
За среќа, немало загинати, а иако прво се веруваше дека таа е договорна за сообраќајката, Кејт не била под дејство и не ни управувала со автомобилот.
За 30-тиот роденден организира една од најлудите забави
Кејт Мос го прослави 30-тиот роденден со раскошна, но пред сè луда забава на која присуствуваа некои од најголемите имиња во шоубизнисот.
На забавата имало многу алкохол и дрога, а според некои извори, се одржувале и оргии.
Меѓу присутните била и Гвинет Палтроу која наводно си заминала многу рано бидејќи забавата била „скандалозна“.
Спирова С. | Црнобело